+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 159
****
3
BB
превоз

ИСТАНБУЛ

29.12 – 03.01.2018

6 дена / 3 ноќевања / автобускa програма

Истанбул е град на легенди и историја. Значаен по тоа што се наоѓа на два континенти: во Европа и дел од Азија. Заплискуван од водите на синиот Босфор, Истанбул маѓепсува со својот раскош од кој никој не може да остане рамнодушен. Бил метропола 2600 години, што значи подолго од било која друга метропола во светот - град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската, Византиската и Отоманската, од која се чуствува неговата големина и импозантна убавина и денес.

Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија. Располозен на седум брда и запилскуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години,што значи подолго од било која друга метропола во светот. Истанбул - град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, орјенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но,велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул –град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина. Капали чаршија - Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул. Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, орјентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи. При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропустите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај. Сарај кој лежи на Босфор и дава инзвонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна представа колку уживал Султанот кој живеел во сарајот. Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот.Топкапи Палата е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор). Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони сто ги добивале од своите посетители. Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа представува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посетите.

Галерија

Ценовник

Цена 159 евра по лице - сместување во хотел со 4* 

Цена 239 евра по лице - сместување во хотел со 5* 

За резервации до 20.11.2018 попуст од 15 евра !!!

 

Програма на патувањето

ПРОГРАМА:

29 Декември ОХРИД – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на автобуска станица - Охрид во 18 часот. Поаѓање за Турција во 18:30 часот. Патот води преку граничниот премин Меџитлија и Република Грција. Ноќно патување со попатни паузи за краток одмор и царински формалности.

30 Декември - ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Посета на најголемиот трговски центар Форум. Околу пладне, сместување во хотел со 4*. По краткиот одмор во хотел, во попладневните часови, Разглед на градот со професионален локален водич (факултативно): Хиподромот - кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото , Сината џамија - изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура... Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња, Аја Софија најпозната градба во Истанбул која е изградена во време на владеењето на Јустинијан и била најголема црква во Византиското царство, подоцна е претворена во џамија... палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II... Враќање во хотел. Ноќевање.

31 Декември – ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија. Посета на палатата Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. До 1922 год. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 год. во него живеел Кемал Ататурк. Слободно време. Новогодишен дочек. Ноќевање.

А. Новогодишен дочек на плоштад за корисниците на услугата сместување во хотел со 4* 

Б. Новогодишен дочек во самиот хотел со богата програма за корисниците на услугата сместување во хотел со 5* 

01 Јануари - ИСТАНБУЛ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, одмор или шопинг, прошетка до WATERGARDEN која е една од најновите атракции за туристите. 

Во вечерните часови, предлагаме факултативна вечера на брод. Уживајте во вечер на Босфорот со модерниот и луксузно опремен брод. Вкусна вечера , зачинета со панорамски поглед на Истанбул и музика во живо. По вечерата танцувајте на музиката или едноставно релаксирајте се со пијалок и уживајте во погледот. Забавната програма започнува со традиционални танци, а продолжува со популарна музика со DJ . Ноќевање

02 Јануари – ИСТАНБУЛ

Појадок. Поаѓање за Македонија. Попатно посета на шопинг центар на излез од Истанбул (4 часа). Патот води преку Грција со ноќно возење и попатни одмори. Пристигнување во Охрид, во раните утрински часови. Крај на програмата

03 Јануари – ИСТАНБУЛ – ОХРИД

Пристигнување во Охрид околу пладне. 

 

 

 

Забелешка

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

A Услови за сместување во хотел со 4*

** Превоз со туристички автобус на наведената релација

** Сместување во хотел со 4* , 3 ноќевања со појадок

** Организиран панорамски разглед на Истанбул

** Новогодишен дочек на плоштад 

** Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Б Услови за сместување во хотел со 5* 

** Превоз со туристички автобус на наведената релација

** Сместување во хотел со 5* , 3 ноќевања со појадок

** Празнична новогодишна вечера во балната сала на хотелот , богато мени, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци неограничено. 

** Забавна новогодишна вечера со оркестар, диџеј и новогодишни пријатни изненадувања.

** СПА центар ( базен, амам, сауна, парна бања, фитнес, интернет, бесплатен мини бар еднаш во денот, чај и кафе еднаш во денот во хотелот.

**  Може да се внесува сопствен алкохол

** Организиран панорамски разглед на Истанбул

** Организација на аранжманот и придружник на патувањето

** При резревација на пакет, се избира и место за гала вечера

** Деца до 7 години, детско мени 5 евра до 11 години стандардно мени без алкохол. 

 

НОВОГОДИШНО МЕНИ 

21:00 - 03:00 часот

Предјадење:

* Топчина од месо во доматен сос 

* Домашни лепчиња со моцарела и  песто од босилок

* Печено говедско во горчлив сос

* Специјално сирење, пиле на кавкаски начин, полнети пиперки, хумус, кисело млеко. 

* Морска салата, пастрмка, домати, краставици, лимон и зеленчици во масло

* Специјален бурек со зеленчуци и доматен сос

Салати:

Морска салата со фета сирење и сос од босилек

Главно јадење:

* Телешко на скара, гарнирано со ориз и домат, компири, печени пиперки и домати 

Десерт :

* Еклери со чоколадна глазура

 

Неограничени безалкохолни пијалоци 

Домашни алкохолни пијалоци - неограничено (турска ракија, водка, пиво, вино) 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • ** Патничко осигурување 150 денари

  • ** Факлутативно крстарење по Босфор и влезница во Долма Бахче Сарај – 25 евра

  • ** Факултативна вечера вечера на брод со богата музичка програма на 01 Јануари – 30 евра

  • ** Разглед на Истанбул со професионален локален водич и влезници во Аја Софија и Топкапи - 30 евра

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.

 

 

Сподели со пријателите:
ИСТАНБУЛ

29.12 – 03.01.2018

6 дена / 3 ноќевања / автобускa програма

Истанбул е град на легенди и историја. Значаен по тоа што се наоѓа на два континенти: во Европа и дел од Азија." data-share-imageurl="">