+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
1
RO
превоз
3

Ценовник

Како што насловот зборува се`, водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Dimitri Vegas & Like Mike, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа како хедлајнери на Ohrid Calling 2018, на 01-ви август 2018 година.

Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа.

Настанот ќе биде проследен со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

Dimitri Vegas & Like Mike

1000 денари ПАРТЕР 2

1.500 денари ПАРТЕР 1

2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Од истиот ден во продажба ќе бидат пуштени и блок влзеници за ова шоу и она на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE, по цени од:

ПАРТЕР 2- 1.600 денари

ПАРТЕР 1- 2.100 денари

ФАН ПИТ- 3.000 денари

 

ВАЖНО: Axwell & Ingrosso, Dimitri Vegas & Like Mike, Armin van Buuren... делува неверојатно, но е вистинито. И тоа не е се`! Одиме понатаму, останете вклучени!

Сподели со пријателите: