+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
3

OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ ,, LA BELA PUGLIA,,

 

 По патот на маслините единствен спој на сонце, море, природа, историја, раскошен барок, минатото и сегашноста .

     Пулиа е една прекрасна област распространета на југот од Италија, област за кои некои велат дека ,,времето застанало ,,  со население од околу 4 милиони жители од кои повеќето се населени во поголемите градови Бари, Бриндизи, Лече, Фоџа,Таранто. Позната е по производство на масло –  40 % од маслиновото масло во Италија се произведува во Пулиа, но и по производството на вино - 17 % од вкупното производство на вино во Италија се произведува во Пулиа. Токму заради таквите дејности Пулиа успеала низ годините да ја задржи автентичноста , типичноста, невидената еколошка чистота и многу градови да станат познати и под заштита на светското богатство на Унеско  Во последните години Пулиа станува се попозната туристичка дестинација . 

ПУЛИА личи на маслинов килим , никој не знае колку маслинови дрвја има , се чуствува мирисот на маслините. но се спомнува цифра од 50 – 60 милиони маслинови дрвца .

Лугето во Пулиа се малку поразлични од типичните италиани. Добронамерни, лјубезни постојано насмевнати , многу, многу малку зборуваат англиски но се решаваат со својата насмевка. Како туристичка дестинација се рекламира како дестинација каде времето застанало... Многу интересно е да се каже дека Пулија е позната по тоа што се живее долго , значи просекот е негде над  82 години , но не само тоа туку и дека лугето на 82 години лесно патуваат низ светот. Многу аналитичари зборувале за магијата на овој дел помегу двете мориња. Дали смиреноста на лугето го продолжува животот , дали мирисот на маслините  живеењето во автентичните кукички или пак типичната храна која е карактеристична за овој дел и со која Пулијците се гордеат    

БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО –ОСТУНИ – ЛЕЧЕ - КАСТЕЛАНА ГРОТЕ -МАТЕРА - ДРАЧ

 Бари е главен град на регионот и на околината Апулиа во југоисточна Италија.Toj e деветти град по големина, и втор по значајност во јужна Италија,  после Неапол. Градот е посебно познат како град на свети Никола затоа што во градската катедрала се чуваат моштите на овој светец. Токму поради овој факт, градот привлекува огромен интерес за посета кај сите верски поклоници од католичка и православна вероисповед од сите делови на светот кои со голема почит пристигнуваат на поклонение.

 Бари има над триста илјади жители богат е  со многу трговски продавници, познат е по карактеристичните и прекрасни стари улички. Често низ отворените прозорци можете да ги видите локалните домаќинки како ги прават надалеку познатите пасти и тестенини.

Инаку, Апулиа како област е најпозната по маслинките и прекрасното маслиново масло,немојте да заминете од Бари без да понесете од познатото Апулиско маслиново масло .  

 

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА  15.900 денари  

   за резервација до 30.06.2017  14.990 денари  

Програма на патувањето

 

ТЕРМИН НА ПАТУВАЊЕ

04.10 - 09.10.2017 / 6 ДЕНА

 

1.ДЕН 04.10. 2017г.  БАРИ Поѓање од Охрид за Драч во 15.00 часот. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч  и  качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и  НОЌЕВАЊЕ на траект.

2 ДЕН 05.10. 2017г.  БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-БАРИ  Пристигнување во Бари во утринските часови. Во 8.00часот поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие кукички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките.Во однапред договорено време враќање во Бари и сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН 06.10. 2017г.  БАРИ-МАТЕРА Појадок. По појадокот полудневен излет во Матера. Матера е град во областа Базиликата  во Јужна Италија , бил главен град  во оваа област од 1663 година до 1806 година . Градот лежи на камениот  кањон познат под името Гравина . Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и од 2019 година прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим  и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година.  Градот  се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен, сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,,  Можеш да прошеташ над пештерните куки стари 9000 години , можеш шетајки да почуствуваш дека си во некоја машина која те враќа назад во времето и те шета низ вековите.  До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот  брои 62 000 жители , а  заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови  претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во   1964 г. од Пиер Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004   година.

Во попладневни часови, враќање во Бари и разглед на стариот град - познат историски центар, преполн со мали улички, обиколен со ѕидини, посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век - заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти, дворецот од XII век, главната улица Lungomare Imperatore Augusto,преполна со продавници од најпознатите светски брендови и театарот –Teatro Margita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese Mercantile,познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетерии и ресторани.Слободно време за индивидуални активности и можност за сите љубители на добрата храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети.  НОЌЕВАЊЕ.

4 ДЕН 07.10.2017  БАРИ-КАСТЕЛАНА ГРОТЕ-ОСТУНИ-ЛЕЧЕ-БАРИ Појадок. По појадокот поаѓање за целодневен излет  Остуни и Лече, со попатна посета на Кастелана Гроте. Остуни е познат како белиот град до кој се пристигнува по ,,патот на маслинките“ по кој ќе имате можност да го почувствувате мирисот на маслинките и да уживате во уникатниот панорамски поглед на полињата со маслинки.Белите куќички, трошни, оригинални, понекаде обоени сино, понекаде со обоени врати украсени со форми од цветови на јасмин или бегонија, ќе направат за момент да се поколебате дали сте во Италија или на грчките познати острови Санторини или Миконос. Од највисокиот дел на градот има незаборавен поглед на Јадранското море и полињата со маслинки. После разгледот на градот и краткиот одмор, следи поаѓање за Лече - град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија, но познат и по единствениот барок својствен само за Лече.Покрај големиот број барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св. Крст, тука можат да се посетат катедралата Дуомо, црквата Св. Никола и дворецот, добро сочуваниот римски амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V и XVI век,  статуата на Св. Лоренцо – заштитник на градот Лече која го обележувала крајот на Апијанскиот пат од Рим за Јужна Италија. Слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по локалните улици и продавници како и можност да се вкусат познатите италијански специјалитети надалеку познати во светот по својот уникатен вкус .Во вечерните часови враќање во  хотелот во Бари.НОЌЕВАЊЕ.

 

5 ДЕН 08.10. 2017г.  БАРИ-ДРАЧ Појадок. Последниот ден го имате на располагање за индивидуални активности во Бари. Слободно време за кафе и прошетки низ урбаните улици на Бари. Можност за факултативен заеднички ручек во близина на пристаништето.(Доколку претходните денови сте пропуштиле да ја вкусите пицата со печурки и маслинки или пак познатиот специјалитет  orchete  –со морски плодови, можете тоа да го направете тука, затоа што Апулиа е посебно препознатлива по своите специјалитети) Можност за факултативен излет до Трани .Во 22.00 часот качување на траект и поаѓање за Драч. НОЌЕВАЊЕ на траектот.

6 ДЕН 09.10. 2017г. ДРАЧ-ОХРИД Пристигнување во Драч во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности и разглед на Драч. Во 15.00 часот поаѓање за Македонија со попатни одмори и застанувања поради царински формалности. Пристигнување во вечерните часови во Охрид.

 

Забелешка

Во цената на аранжманот е вклучено :

   - Превоз со автобус туристичка категорија Охрид-Драч-Охрид

   -  Полудневна екскурзија во Алберобело 

   - Хотелско сместување во хотел 3* БАРИ - 3 ноќевања со појадок   

   - Траект Драч-Бари- Драч – седишта 

   - Професионален локален водич 

   - Претствник од агенцијата кој патува со туристите

   - Одмор во Драч

Во цената на аранжманот не е вклучено :

- Задолжителен излет Остуни и Лече,цена 1550 денари,со вклучени влезници

- Задолжителен излет Castellana Grotte,цена 1850 денари,со вклучени влезници

 Напомена:  При пријавување, овие два излети се  во пакет.  Излетите опфаќаат целодневно патување и пријавените ги посетуваат Остуни, Лече и Кастелана Гроте.

- Факултативен излет Матера – 930 денари

- Факултативен излет Трани - 620 денари

- Факултативна вечера во национален ресторан 1550 денари

- Патничко осигурување 120 денари

- На траект - Доплата за кабина со сопствено купатило ( висока туристичка категорија ) : Драч- Бари -Драч цена по лице 1000 денари

- доплата за организиран превоз од Скопје 500 денари , од Битола 300 денари.

Услови за плаќање:

*Можност за плаќање на рати за сопствениците на кредитни картички според условите на банката

*Можност на плаќање на рати со одобрување туристички кредит врз основа на издадена фактура од ВИС ПОЈ повторно според условите од банката .

Основни правила

1.За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници

2.Организаторот има право да го откаже патувањето до 10 дена пред поагање

3.За пријава е потребно 30 % уплата или прва рата за тие што плаќаат на рати.

4.Седиштата се распределуваат исклучиво при самото пријавување, што значи при уплатата на депозитот или првата рата

За организација на аранжманот важат општите услови за патување