+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Банско е релативно нов планински скијачки центар во Бугарија. Се наоѓа во подножјето на планината Пирин, на 160 км одалеченост од главниот град Софија. Природните карактеристики, представени преку националниот парк, старатата населба со препознатлива традиционална архитектура, долгата историја и традиција, надополнета со нови и урбани хотелски комплекси и инфраструктура, го прават Банско еден од најпрестижните скијачки ресорти во Источна Европа, кој секако има посебен шарм и во есен.

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот:   5.300,00 мкд

Програма на патувањето

Октомври во Банско

Автобуски превоз со поаѓање од Охрид

1 ден 27.10 ( Петок )

Состанок на групата на автобуската станица во Охрид. Поаѓање за Банско во 05:00 часот. Попатни кратки кафе паузи. Пристигнување во Банско во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација . Вечера. Ноќевање

2 ден 28.10 ( Сабота ) / 03 ден 29.10 (Недела)

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, користење на услугите во хотелот или прошетка низ Банско. Банско е еден од најпознатите ски центри во Бугарија со препознатливи долги ски стази  проткаени низ природните убавини на Пирин. Место со богата културна историја која се препознава низ традиционалните улички полни со меани и барови, кои веднаш Ве привлекуваат со мирисот на традиционално зготвена храна и етно ентериер. Можност за факултативен ручек во некоја од познатите меани . Враќање во хотел .  Ноќевање

4 ден 30.10  ( Понеделник )

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Поаѓање за Сандански. Претпладне пристигнување во Сандански. Прошетка по убавото шеталиште со разглед на убавините на градот. Слободно време за индивидуални  активности. Попладневно поаѓање за Македонија . Патување со кратки кафе паузи. Пристигнување во Охрид во  вечерните часови

Цена за пакет со сместување во хотел со 3*    5.300 денари

Во цената е вклучено:

* 3 Ноќевања во хотел  3* на база се вклучено
* Автобуски превоз на релација Охрид – Банско – Охрид

* Разглед на Банско и Сандански
*  Користење на Затворен базен, џакузи, парна бања, фитнес центар
* Туристичка Такса

* Организација и водство на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:

               * Патничко Осигурување
               * Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА :-Деца од 6-11 години на дополнително легло  -50% попуст

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 40 патници.Организаторот има право на откажување на аранжманот 2 дена пред поаѓање.

 

b.f.