+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во регионот Beldibi 18 км од Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 346. Стандардни соби (39м², главна зграда, една спална соба, едно купатило, макс.2 + 2 лица), Јуниор суит (48м², една спална соба, еднo купатило, макс.2 лица), Фамилијарен суит (75м², една спална соба, една дневна соба со врата помеѓу, едно купатило макс. 4 лица). Сите соби во главната зграда имаат сопствени купатила со подвижен туш, фен за коса, клима, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски и музички канали, ламинат и балкон. Исто така во делот на градината има 80 Фамилијарни соби (45м², две соби со врата измеѓу, макс.4 лица) и Вила Дуплекс 15 (100м², 4 + 1лице) – сплит клима и керамички под, сите останати соби се исти. WI-FI интернетот е бесплатен.

Luxury Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, органски појадок, ручек, вечера, ручек на шведска маса, попладневни ужинки, сокови од свежо овошје само за појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слаткарница, ресторани A'La Carte (Aegean, Ottoman) сo резервација предходно и еднаш за време на престојот, сите локални и избрани увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите со безалкохолни пијалоци, вода и пиво. Не се вклучени: луксузни врвни пијалоци, пијалоци во клубот Хавана, ресторани A'la Carte (Far East,Steak House, мексикански) со доплата, наргиле, услуга во соба, специјално мени за ужина во пијано бар, пијалоци во Divan Lounge.

Главен ресторан La Noblesse со шведска маса, ресторани A'la Carte: Lotus(кинеска кујна), Sunset beach(италијанска кујна), Moonlight (морска храна), Garden House (медитеранска кујна), Havana Club (интернационална), Sante Fe ( Мексиканска кујна). Барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет-кафе и компјутерски игри, фен за коса, трговски центар, рент а кар, со доплата. Wi-FI интернет-врска во сите соби и во хотел е бесплатна.

Приватна плажа на хотелот, песочна и камчеста, со лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа бесплатно. Приватните павилјони се со резервација однапред и со доплата.

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка, кошарка, гимнастика, пинг-понг. Со дополнителни трошоци: спортови на вода, светло за осветлување за тениски терени, часови и опрема за тенис SPA и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, во вечерните часови шоу програми, музика во живо. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите: