+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2018: 315 € / 19.530 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 345 € / 21.390 денари

 

 

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

 

Програма на патувањето

ТЕРМИН 28  Декември

1 ДЕН 28.12.2018 СКОПЈЕ-ВИЕНА 

Состанок на групата во 11.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

2 ДЕН  29.12.2018 ВИЕНА-ПРАГА

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус).   Ноќевање.

3 ДЕН  30.12.2018 ПРАГА-ПАРИЗ

Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.По разгледот,  препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ДЕН  31.12.2018 ПАРИЗ 

Во  утринските  часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .Ноќевање.

5 ДЕН  01.01.2019ПАРИЗ (ВЕРСАЈ) 

Појадок.  Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот.  Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

 6 ДЕН  02.01.2019ПАРИЗ-(ЛУВР)

Појадок.  Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посета та на Лувр, моѓност за организирана прошетка низ мнајпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. . Приквечер,  препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Ноќевање.     

7 ДЕН 03.01.2019 ПАРИЗ - МИНХЕН 

Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d'Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење. 

   
8 ДЕН 04.01.2019  МИНХЕН 

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Ноќевање.       

9 ДЕН  05.01.2019 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ 

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ  Словенија, Хрватска, Србија.

10 ДЕН  06.01.2019СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.    

Забелешка

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус
1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
3 ноќевања во хотел 3* НП во Париз(околина)
1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен(околина)
Прошетка низ Виена
Прошетка низ Минхен
Прошетка низ Салзбург
Организација и водство на програмата
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник
Организиран трансфер во еден правец на 28 Дек, од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

 Задолжително патничко осигурување  330 ден.
Разглед на Прага со локален водич  10 €
Крстарње по Влтава 15€
Посета на пивница со вечера и шоу програма 35€
Разглед на Париз со локален водич 15
Версај(превоз,влезница,лок водич) 45 €
(задолжителна резервација при уплата)

      Лувр(влезница) 20 €
      Крстарење по Сена 15€
      Срцето на Париз 10€
      Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
      Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
      Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден

 

 

Сподели со пријателите: