+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 15.11.2018: 169€/ 10.480 денари

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  189 € / 11.720 денари

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

Термин 28 Декември

1 ден  28.12.2018 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
 
 2 ден  29.12.2018 ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
3 ден  30.12.2018 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Ноќевање 
 
4 ден   31.12.2018 ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.   
 
5 ден  01.01.2019 ПРАГА – OUTLET FREEPORT -  ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT  . По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ...  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.
 
6 ден 02.01.2019  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови
 

 

Забелешка

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус
3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага(околина)
Hotel Alex 3*, Praga  
Организација и водство на програмата
Посета и панорамски разглед на Виена
Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник
Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување  190 ден
Разглед на Прага со локален водич  (10€)
Факултативен излет Карлови Вари   (25€)
Крстарење со брод по Влтава  (20€)
Целодневна посета на Дрезден  (30€)
Влезници за музеи и локалитет
Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден

Сподели со пријателите:
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна)." data-share-imageurl="">