+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 698
*****
6
ALL
превоз

Хотелот се наоѓа во Сал Хашееш, на една од најубавите песочни плажи, во извонреден амбиент . Центарот на Хургада е на 25км. а аеродромот  на окулу 20км. оддалеченост. Ова е еден од најлуксузните хотели на брегот на Црвено море и еден од ретките кои имаат услуга УЛТРА СЕ ВКЛУЧЕНО.
Хотелот располага со 292 модерно опремени соби во неколку категории, сите со поглед или кон прекрасната градини или кон морето.
Оброците се служат во неколку ресторани за кои е неопходно да бидете соодветно облечени.
Во склоп на комплексот има 4 базени, со свежа и со солена вода а хотелската плажа е една од најубавите во тој регион, со златно жолт песок и кристално бистра вода.
Хотелот изобилува со содржини кои ќе го направат Вашиот престој незаборавен.

Галерија

Ценовник

Ве молиме контактирајте не за целосна калкулација со конкретни датуми на патување  . . .

Програма на патувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

 од 2 до 7/10/13. ден ХУРГАДА
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).

 14. ден (враќања во ПОНЕДЕЛНИК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција. За дневно користење на собите и/или други услуги од хотелот до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

8/11. ден (враќања во ЧЕТВРТОК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите во раните утрински часови по што следува организиран трансфер до аеродромот. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје според претходно најавеното време.”

Сподели со пријателите:
Хотелот се наоѓа во Сал Хашееш, на една од најубавите песочни плажи, во извонреден амбиент . Центарот на Хургада е на 25км. а аеродромот  на окулу 20км. оддалеченост. Ова е еден од најлуксузните хотели на брегот на Црвено море и еден од ретките кои имаат услуга УЛТРА СЕ ВКЛУЧЕНО." data-share-imageurl="">