+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 815
*****
6
ALL
превоз

Локација:Овој луксузен и модерен хотел се наоѓа во заливот Sahl Hasheesh. Тој е 25 километри јужно од Хургада и 22 километри од аеродромот.
Соби: Постојат 367 модерни соби и апартмани кои обезбедуваат на гоститео целосен комфорт. Сите соби и апартмани имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, интернет, телефон, клима уред, сеф, чај и кафемат, мини бар и балкон или тераса.
Содржини:  Хотелот e ‘’Adults Only’’ и е ексклузивен за возрасни. Тој има главен ресторан, 5 a la carte ресторани кои служат специјалитети од италијански, јапонски, индиски, кинески кујна и морски ресторан. Неколку барови поставени во фоајето или од страна на базенот, продавници, фризерски салон, сушење на алишта и услуги на лекари.
Спорт и забава: Хотелот има 4 отворени базени, еден со морска вода, затворен базен, можност за разни спортови: пинг-понг, одбојка, билијард и пикадо. Гостите исто така може да имаат крпи, лежалки и чадори покрај базенот и на плажа. Има модерно опремен Спа центар со затворен базен, турска бања, сауни, фитнес, соби за масажа и разни третмани и џакузи.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа, каде што во еден дел се наоѓа коралниот гребен и се влегува  во море преку понтон. Исто така постои и мала област каде што е можно влегување во вода од плажа.

 

Галерија

Ценовник

Цена од 815 евра по лице

 

Пакет аранжмани со 6,8,9,10,13, ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

и.д

Забелешка

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6, 8, 9,10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год) 
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

 

Сподели со пријателите:
Локација:Овој луксузен и модерен хотел се наоѓа во заливот Sahl Hasheesh. Тој е 25 километри јужно од Хургада и 22 километри од аеродромот.
Соби: Постојат 367 модерни соби и апартмани кои обезбедуваат на гоститео целосен комфорт. Сите соби и апартмани имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, интернет, телефон, клима уред, сеф, чај и кафемат, мини бар и балкон или тераса." data-share-imageurl="">