+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз
4
Q PREMIUM RESORT
Положба:
►Хотелот се наоѓа во областа Okurcalar, 35км од Аланија и 95км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
►Вкупен број на соби 350. Стандардни соби 283 (30м², макс.2+1 лица), фамилијарни соби 50 ( 35м², две спални соби одвоени со лизгачки врата, купатило, макс.2+2 лица), Jacuzzi соби 17 (30м², макс.2+1 лица, со Jacuzzi на тераса или балкон ). Сите соби се модерно декорирани со купатило со када или туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сеф , сателитска ТВ и музички канали, интернет, тепих на подот , балкон или тераса.
Услуга:
►Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, сладолед (14.30-16.00), колачи во слаткара , детско бифе , вечерна ужина, A’la Carte ресторани ( со претходна резервација и само еднаш за време на престојот) , локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и некои стандардни увозни пијалоци. Сите луксузни пијалоци и стари специјални пијалоци , услуга во соба, A’la Carte ресторани ( доколку се користи повеќе од еднаш неделно ) дополнително се наплатуваат.
Содржини:
►Главен ресторан  Vogue со шведска маса, A’la Carte ресторани Topkapi (турска кујна), Quinta (италијанска кујна), Sunset (мексикански и морски ресторант), лоби бар, ирски паб кој е отворен 24 часа, бар покрај базен и на плажа, снек бар, диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс,  интернет , фризер, продавници  rent a car се наплатуваат.
Плажа:
►Хотелска плажа со песок и  ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири за плажа се бесплатни. 
Спорт и забава:
►Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Aque парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг. Спортови на вода, Спа и Велнес центар, билијард и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. 
Забавна програма со професионален тим во текот на денот, вечерни шоу програми, жива музика, кино. Мини клуб за деца со специјална програма,  мини диско, натпревари.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

вис/j

Сподели со пријателите:
Q PREMIUM RESORT
Положба:
►Хотелот се наоѓа во областа Okurcalar, 35км од Аланија и 95км од аеродромот во Анталија." data-share-imageurl="">