+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
ALL
превоз

Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 25км од Анталија и 50км од аеродромот во Анталија

Вкупен број на соби 187. Стандардни соби: 105 (33м², макс.2+1 лица)-една дневна и купатило. Фамилијарни суити: 10 (78м², макс.4 лица)-две одвоени спални, две купатила. Делукс соби: 62 (65м², макс.2+2 лица)-една спална со дел за седење, соблекувална, купатило, балкон. Кралски суит (232м²)-две спални, две купатила, дневна, голема тераса. Претседателски суит: (425м²)-пет спални, пет купатила, една дневна, сауна и голема тераса и две соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, туш и фен, централна клима, телефон, мини бар (сокови и пиво се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, тепих на под, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција, балкон. 
Се Вклучено-All Exclusive-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, A’la Carte ресторани (Mermaid и BBQ и La Rosetta restaurants) со предходна резервација и само еднаш за време на престојот, Слаткарница, сладолед, барот на плажа работи до 00.00 часот, Irish bar отворен до 02.00 часот. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот, свежо цеден сок за време на појадок. Дополнително се наплаќаат-A’la Carte рестораните (La Rosetta и Bonzai), специјални локални и увозни вина, Наргиле бар.

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани (La Rosetta-Италијанска кујна, Mermaid-морска храна, Bonzai-Суши ресторан, Spar X – француски ресторан, BBQ ресторан, барови околу хотелскиот комплекс,Irish bar, Диско бар. Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет е бесплатен.

Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватните павиљони со резервација и се наплаќаат.

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, часови по тенис, билијард, салон за убавина, Спа центар, дополнително се наплаќаат. Забавни програми организирани од професионален тим, натпревари преку ден и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год поделени во група со различни забавни програми во текот на денот и навечер мини диско. Напомена: Гостите од овој хотел може да ги посетуваат концертите, DJ настапи и жива музика во Rixos Sungate. Има бесплатен превоз од 10.00-24.00 час. Хотелот е реновиран 2014 год.

www.rixos.com/beldibi

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/s

 

Сподели со пријателите: