+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 580
****
5
BB
превоз

Санкт Петерсбург е основан од страна на Петар Велики во 1703 година и два века бил престолнина на царството, а за секогаш културна престолнина на Русија. Се наоѓа на обалата на Финскиот залив и делтата на реката Нева. Има многу канали, поради кои е познат како „Венеција на северот“. Градот на Чајковски и Достоевски, мегаполис на духовноста, град на царски палати и восхитувачки фасади,град кој има сопствен идентитет, ќе направи вашиот престој во него да го доживеете како нестварна бајка. Од времето на моќното царство, во градот на Петар и Катерина Велики, ве очекуваат мноштво музеи,галерии, библиотека, театри... Од мноштвото на културно – историски споменици, туристите секако најпривлечени се од величенствените стари дворци, кои го отсликуваат сјајот и раскошот на царска Русија.

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот:  10 АВГУСТ И 14 СЕПТЕМВРИ

 

- Стандардна соба – 580 еур

- Доплата за еднокреветна соба (на барање) – 170 еур

 

 

Санкт Петерсбург- Факултативни излети

Минимум – 10 лица

Петропавловска тврдина

28€

Царко село – Пушкин и Павловск

53€

Петерхоф (Петровиот дворец) горниот и долниот парк

48€

Ермитаж

38€

Дворецот Јусуповски

38€

Крстарење по реките и каналите

28€

Посета на Големиот Новгород

85 €

Исакиевска соборна црква

7 €

 

 

Во цената на факултативните излети вклучено е: услуги за водичот, автобуски превоз и влезници.

Програма на патувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 

1 ден :  Белград – Санкт Петерсбург

Состанок на групата на аеродром Никола Тесла во Белград, два часа пред полетување. Лет за С. Петерсбург. Пристигнување на аеродром Пулково. Трансфер до хотел, сместување. ФАКУЛТАТИВНОКрстарење по реките и каналите. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

2 ден :  Санкт Петерсбург

После појадокот панорамско разгледување на градот со автобус.Срцето на градот е Невскиот проспект, авенија долж која се сместени некои од најубавите и најважни градби. Адмиралитет – градба во руски империјален стил, потсетува на времето кога Русија била голема поморска сила. Во близина е импозантниот Дворски плоштад со столбот на цар Александар во средина. Познатиот Зимски дворец е место на многу историски збиднувања, а Ермитаж најголемиот музеј на светот и еден од најстарите активни музеи со збирка од преку три милиони уметнички дела. ФАКУЛТАТИВНА посета на Петропавловската тврдина,која во 1703. Е изградена од страна на Петар I. Денес оваа тврдина  се користи како музеј и простор за изложба и е под заштита на УНЕСКО. Во неа е и Петропавловската соборна црква во која се погребани сите руски царевиi. Еден од симболите на градот е и Исакиевската соборна црква – најдобар промер на руското црквено градителство. ФАКУЛТАТИВНА посета на црквата. Разглед на универзитетската обала, Зградата на берзата и познатиот брод „Аурора“. Слободно послепладне.Ноќевање. 
ФАКУЛТАТИВНО:Посета на Исакиевската соборна црква и Петропавловската тврдина.

3 ден :  Санкт Петерсбург ( Царското село и Павловск )

Појадок. Поаѓање на целодневен факултативен излет во Царско село, симбол на преродбата на Русија и нејзината култура. Поклон е на царот Петар на сопругата Катарина во чест на раѓањето на ќерката Јелисавета. Кога го презела тронот, по нацрт на познатиот италијански архитект Растрели, а по наредба на Јелисавета,изграден е раскошен дворец опкружен со прекрасен парк украсен со многубројни статуи. До Втората Светска војна Царското село била летна царска резиденција.  Заминување за Павловск – една од најдобро сочуваните царски палати. Самиот дворец, кој бил и летна царска резиденција, претставува раскошна неокласична градба опкружена со англиски парк.После смртта на царот Павел, дворецот е доделен на неговата сопруга Марија Фјодоровна. Делови на дворецот се уништени во големиот пожар, но во 1803. Потполно е реставриран.Враќање во хотел. Ноќевање.
ФАКУЛТАТИВНО: Царско село и Павловск.

4 ден :  Санкт Петерсбург ( Петерхоф и Новгород )

Појадок. Поаѓање на полудневен факултативен разглед на Петерхоф или Петровиот дворец и парк. Се наоѓа на обалата на Финскиот залив,дваесетина километри западно од Санкт Петерсбург. Изграден е од страна на Петар Велики во 1705.година. Се до Октомвриската револуција служел како царска резиденција, а во 1918 година бил претворен во музеј. За време на Втората светска војна бил под окупација на нацистите, а нешто подоцна во бомбардирање бил комплетно разрушен. По војната започнала реконструкција која трае до ден денес.Бројните фонтани, поради кои овој музеј го добил името „руски Версај“, повторно проработиле во 1946 година. Година дена подоцна до израз дошла и целата убавина на барокната архитектура на Петерхоф, чиј украс е не само паркот, туку и бројните фонтани (повеќе од100). Дворецот Петерхоф и неговиот парк со фонтаните се на листата на заштита на УНЕСКО. Враќање во хотел. Слободно време.Ноќевање.

Новгород - околу 08.00ч поаѓање на целодневен факултативен излет во Новгород, панорамско разгледување на градот, посета на Новогродскиот Кремљ,Софијската соборна црква. Ручек и поаѓање за С. Петерсбург околу 16.00ч.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

ФАКУЛТАТИВНО : Петерхоф или Новхород.

5 ден :  Санкт Петерсбург ( Ермитаж и Јусуповск )

По појадокот факултативен разглед на Ермитаж – најголемиот музеј на светот со преку три милиони експонати изложени во шест згради на обалата на реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец, некогаш званична резиденција на руските цареви. Колекцијата на музејот влече корени уште од 1764 година, од збирката на уметнички предмети на царицата Катарина II.Најзначајни збирки се секако оние со делата на Микеланџело, Да Винчи, Рембрант, Рубенс, Ван Гог, Пикасо, Матиз... За респект е и археолошката збирка, како и збирката на европската средновековна уметност „Галеријата со богатството“ е повеќе од фасцинантна, а  „Рафаеловиот ходник“ - копија на познатата галерија во Ватикан е незаборавен впечаток за сите времиња. Слободни послепладне. Ноќевање.

Поаѓање на факултативен разглед на дворецот Јусуповски, кој има значајно место во историјата не само на градот, туку и на  Русија во целина. Се работи за не толку раскошна. колку уникатна архитектонска градба со голем парк на брегот на реката Мојка. Многумина го нарекуваат „енциклопедија“ на руската аристократија. Во периодот од 1830.до 1917 година бил дом на пет поколенија на фамилијата на кнезот Јусуп. Во 1916 година, во него е убиен рускиот мистик Григориј Распутин. Собата во која бил застрелан од страна на кнезот Феликс Јусуп, денес е една од најпосетените. За туристите еднакво атрактивни се и бројните дворски апартмани, свечените сали, галериите, двораните, мини театрите...По разгледувањето на дворецот факултативнно крстарење по реките и каналите на градот. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
ФАКУЛТАТИВНО : Ермитаж и Јусуповск

6 ден :  Санкт Петерсбург- Белград

Напуштање на собите. Појадок – ланч пакет. Трансфер до аеродром Пулково, лет за Белград. Оброк во авион. Пристигнување на аеродромот Никола Тесла во Белград.

 

Забелешка

Во цената е вклучено:

• превоз со авион на релација Белград – Санкт Петерсбург-Белград (23 кг чекиран багаж – 1 куфер и 1 рачен багаж)
• сместување во двокреветни соби во хотел со  4*,на база 5 ноќевања со појадок
• трансфер со автобус на релација аеродром-хотел-аеродром
• панорамски разглед на Санкт Петерсбург според програма
• услуги на локален водич во Русија и пратител
• трошкови за организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:

• аеродромски такси во Блеград и Русијаi ( 100 €  возрасни и деца) – износот е подложен на промена.          Деца од 0-2 години не плаќаат аеродромски такси, деца од 02-12 години плаќаат полн износ на аеродромски такси.
• меѓународно патничко осигурување
• услуги кои не се назначени во програмата
• индивидуални трошоци
• факултативни излети (минимум 10 лица за реализација) – плаќање во агенција
• доплата за еднокреветна соба (на барање)

 

Напомена – цените се изразени во евра – плаќање исклучиво во денарска противредност..

Гарантирани цени- При пријавивање, патникот може да го уплати целиот износ, со што се гарантира цената без оглед на датумот на патување.

 

 

B.F.

OLM