+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз
5

Хотелот е лоциран во областа Лара на 15 км од аеродромот во Анталија, 17км од центарот на градот.

Вкупен број на соби 336.
Стандардни соби (28м², една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби (31-38м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.3+2 лица),
Фамилијарни дуплекси (40м², на долниот кат два единечни кревети, на горниот кат еден брачен кревет, две купатила, макс. 3+2 лица),
Џакузи соба (40м², една спална со џакузи, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Тераса Џакузи Делукс (40м², една спална, едно купатило, голема тераса со Џакузи, макс. 2+2 лица) и две соби за хендикепирани лица. Сите соби се со балкон, купатило со када/туш кабина и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф (со доплата), мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секоја ден), сателитска телевизија и музички канали.

Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни ужини, колачи и сладолед во одредени часови во денот, вечера, ужини во доцни вечерни часови, чај, кафе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци помеѓу 10:00 – 24:00 се бесплатни, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Со доплата: луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, сите пијалоци во Диско клуб, услуга во соба,

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Италијански, Турски, Рибен, лоби бар, витамински бар, бар покрај базен и на плажа и ноќен клуб. Доктор, перална и хемиско чистење , чување на деца, интернет кафе, телефон, факс, интернет, компјутерски игри и шопинг центар – со доплата. WI-FI интернет конекција на јавни места е бесплатна.

Хотелска приватна песочна плажа, лежалки , чадори и пешќири се бесплатни.

Отворени и сатворени базени, детски базени, водени лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, Џакузи, тенески терени, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг – се бесплатни. Со плаќање: Осветлување на тениски терени, тениска опрема, часови по тенис, центар за убавина, масажа, водени спортови. Забавни програми во текот на денот и во вечерни часови со професионални аниматори, програмата се менува секоу две недели, мини клуб за деца од 04 -12 години.

www.saturnpalace.com.tr/en/

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: