+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз
4

SELECTUM LUXURY RESORT 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 27 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупно 297 соби во главна зграда. 
Luxury соби (45-62 m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лица), 
Deluxe соби (70-75m² една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица), 
Супериор соби (75-85 m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лица), 
Супериор соба соба со тераса (75-85 m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лица со поглед на море), 
Суит соба (124 m², една спална соба, дневна соба купатило, макс. 3 лица),
Премиум Суит соба (160 m², една спална соба, дневна соба купатило, макс. 3 лица), 
Кралски суит (350 m², две спални соби, дневна соба трпезарија купатило макс. 4 лица), 
Executive Residence room (186m², две спални соби, дневна соба, две купатила макс.4 лица), 
Претседателска резиденција (640m², составена од 6 соби, макс 8 лица). 

Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, џакузи, централна клима која работи во одредени часови според временските услови, телефон, тепих или паркет на подот, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекција бесплатно. 

Услуга 
Ултра Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни ужини, сладолед и колачи во попладневните часови, вечера и полноќна супа, сите локални и листа со увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во некои периоди од денот, свежо цеден портокал само за појадок. A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата. Не е вклучено: Луксузните увозни пијалоци, свежо цеден сок (освен за појадок), шампањско, флаширани пијалоци, енергетските пијалоци и пијалоци во лименка, собна послуга. 

Содржини 
Главен отворен и затворен ресторан - шведска маса, A’la Carte ресторани: Ignis - кујна од Далечниот исток, Gourme – интернационален ресторан и ресторан за морска храна, барови околу хотелскиот комплекс, бар и ресторан покрај базенот. Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, интернет cafe, rent a car, компјутерски игри, дополнително се наплатуваат. Бесплатно WI-FI во целиот хотел. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа, чадори, лежалки и пешкири бесплатно. Павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, водени лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес центар, турска бања, џакузи, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа, бесплатно. SPA & Wellness центар, масажа, водени спортови, часови по тенис, опрема и осветлување на тениски игралишта, билјард, куглање и компјутерски игри, дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. 

www.selectumhotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување

vis/j

Сподели со пријателите: