+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 10км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа.

Вкупен број на соби 499 во два главни објекти.
Стандардни соби: 396 (29м², една спална, купатило, макс.2+1 лица),
Јуниор фамилијарни соби: 17 (35м², една голема соба поделена со параван, макс.2+2 лица),
Фамилијарни поврзани соби: 45 (57м², две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 4 лица),
Страндардни суит соби: 14 (46м², една спална, простор за дневен престој, едно купатило со Џакузи, макс.2 лица),
Фамилијарни соби: 13 (40м², две спални поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица),
Delux соби: 10 (57 м², една спалн и една дневна соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица),
Соби за хендикепирани лица: 4 .

Сите соби се со балкон, тепих на под, купатило со када, туш, фен, телефон, централна клима која работи според временските услови, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, интернет. WI-FI интернет.

Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај, свежо цеден сок од портокал за појадок, сладолед, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), A’la Сarte ресторани со предходна резервација за минимум за една недела престој. Специјалните увозни пијалоци, свежо цедениот сок (освен за појадок), услуга во соба, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, се наплатуваат.

Главен ресторан-шведска маса, A’la Сarte ресторани: Sapore – Италијанска кујна, Lalezar – Турска кујна, Selenge - Монголска кујна, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, rent a car, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет е бесплатен.

Песочна хотелска плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Приватни павилјони со претходна резервација и со доплата.

Два отворени базени за возрасни и два за деца, затворен базен за возрасни и деца, Аква парк (6 лизгалици за возрасни и 3 за деца), фитнес центар, Турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, немоторни водени спортови, не се наплатуваат. Осветлување за тениските игралишта и опрема, билијард, куглање, масажа, салон за убавина и SPA центарот, компјутерски игри, моторните водени спортови дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04 – 12 и тинејџерски клуб од 13 – 17 со специјална програма.

www.sherwoodresort.com.tr

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: