+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

****
6
ALL
превоз

Хотелот е лоциран во областа Гојнук, 55км од аеродромот во Анталија и 9км од Кемер.

Сместување: Вкупен број на соби 267, во главна зграда, во Анекс и во бунгалови.
Стандардни соби во главна зграда (19-21м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило,
Стандардни соби во бунгалови (19-21м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило,
Стандардни соби со кревети на спрат (19-21м², макс.3+1 лица)-една спална со француски кревети на спрат и едно купатило,
Делукс големи соби (40м², макс.4 лица)-една спална со француски кревет и една софа за две лица, едно купатило,
Поврзани фамилијарни соби (45м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило,
Јуниор Фамилијарни соби (40м², макс.4 лица)-една спална со француски кревет и два еднинечни кревети, едно купатило.

Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, ламинат на подот (плочки на подот во приземјето на бунгаловите), телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, полноќна закуска. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, снек бар на плажа од 10.00-17.00час. Дополнително се наплаќаат-храна и пијалоци после 24:00 часот, A’la Carte ресторан, сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, пијалоци во Диско бар, мини бар во соба, услуга во соба.

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан (Италијанска кујна), лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, Витамин бар, Турско кафé и Диско бар. Доктор, чување деца, перална, rent a car, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лобито.

Хотелска приватна плажа, на 180м од хотелот (има улица), со песок и камчиња. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за плажа со депозит.

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, мини фудбал, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, масажа, билијард, спортови на вода, слон за убавина, дополнително се наплаќаат. Забавни програми и натпревари преку ден, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 5-12 год. и Мини диско клуб.

Напомена: Хотелот е реновиран 2012 год.

www.sherwoodhotels.com.tr

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: