+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
ALL
превоз

 Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 12км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа.

 Вкупен број на соби 198 во две главни згради.
Стандардни соби  (30-35м², една спална, купатило, макс.2 лица),
Де Лукс суити (75м², еден француски кревет + софи, макс.2+2 лица),
Де Лукс Супериор суит (80-90 м², еден француски кревет + две софи, едно купатило, макс. 4 + 1 лице),
Сите соби се со балкон или тераса, ламинатен или керамички под, купатило со  тушкабина, фен, телефон, централна клима која работи според временските услови, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај,  сателитска ТВ и музички канали, во Де Лукс соби кујна со фрижидер , машина за перење и миење садови.

: Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцните вечени часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај од 10:00 – 24:00 часот.  Ресторанот и барот на плажа од 10:00-17:00 часот. A’la Сarte ресторани со предходна резервација и со минимум престој една недела престој. Специјалните увозни пијалоци, свежо цедениот сок, услуга во соба, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, се наплатуваат.

: Главен ресторант-шведска маса, A’la Сarte ресторани , снек ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа, диско клуб, WI-FI интернет конекција.. Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, rent a car, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплатуваат.

 Песочна хотелска плажа на 700 м од хотелот, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и доплата.

: Два отворени базени за возрасни и два за деца, затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг не се наплатуваат. Масажа, салон за убавина и SPA центарот, моторните водени спортови дополнително се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04 – 12 години со специјална програма, Мини Диско навечер.

www.sherwoodhotels.com.tr

Сподели со пријателите: