+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

1
Положба 
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија. 
 
Сместување
Вкупен број на соби 521 во три хотелски згради. 
Стандарни соби: 371 (27м², Макс.3 лица)-една спална и едно купатило, 
Фамилијарни соби: 125 (45м², макс.4 лица)-на најгорниот кат, дуплекс (по скали), две спални и едно купатило, 
Фамилијарни Суит соби: 6 (74м², макс.5 лица)-на најгорниот кат, дуплекс (по скали), дневна, две спални, две купатила од кој едно со Џакузи, 
Јуниор Суит: 17 (31м², макс.2 лица)-една спална и едно купатило со Џакузи и поглед на море и две соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, ДВД (на барање), ламинат на подот, балкон со страничен поглед на море или градина. 
 
Услуга 
Ултра Се вклучено-24часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, детско и диетално мени, A’la Carte ресторан со резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволено за деца под 12 год.), мини бар (секој ден се дополнува со вода и сокови), сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во попладневните часови. Дополнително се наплаќаат-луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, енергетски напитоци, свежо цедени сокови, увозни пијалоци од 01.00-10.00 часот, услуга во соба. 
 
Содржини 
Главен ресторан Samui со шведска маса, A’la Carte ресторани-La Luna (Италијанска кујна), Khun Mae (Далечен Исток), Sarai (рибен ресторан), Ocakbasi (Турска кујна), Суши бар, снек ресторан и бар, кафетерија Chai, лоби бар, бар покрај базен и Диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби барот. 
 
Плажа 
Хотелска приватна плажа, песочна. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Павиљоните на плажа и покрај базените со претходна резервација и со доплата. 
 
Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, немоторизирани спортови на вода. Масажа, Спа центар, салон за убавина, куглање, билијард, осветлување на тениски игралишта, часови за тенис, опрема за тенис, моторизирани спортови на вода, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, спортски натпревари на базен, вечерни шоу програми и жива музика. Мини клуб за деца од 4-12 год. со специјална програма, мини забавен парк. 
 

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

вис/j

Сподели со пријателите:
Положба 
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија. 
 
Сместување
Вкупен број на соби 521 во три хотелски згради." data-share-imageurl="">