+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Санкт Петерсбург е основан од страна на Петар Велики во 1703 година и два века ( од 1712 до 1918 год.) бил престолнина на царството, а за секогаш културна престолнина на Русија. Името го добил по апостолот Петар – заштитникот на градот. Се наоѓа на обалата на Финскиот залив и делтата на реката Нева. Има многу канали, поради кои е познат како „Венеција на северот“. Градот на Чајковски и Достоевски, мегаполис на духовноста, град на царски палати и восхитувачки фасади,град кој има сопствен идентитет, ќе направи вашиот престој во него да го доживеете како нестварна бајка. Од времето на моќното царство, во градот на Петар и Катерина Велики, ве очекуваат мноштво музеи,галерии, библиотека, театри... Од мноштвото на културно – историски споменици, туристите секако најпривлечени се од величенствените стари дворци, кои го отсликуваат сјајот и раскошот на царска Русија.

 

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот:  16 АВГУСТ И 03 СЕПТЕМВРИ

- Стандардна соба – 585 еур

- Доплата за еднокреветна соба (на барање) – 180 еур

 

Во цената е вклучено:

• превоз со авион на релација Белград – Санкт Петерсбург-Белград (23 кг чекиран багаж – 1 куфер и 1 рачен багаж)
• сместување во двокреветни соби во хотел Азимут 4*,на база 5 ноќевања со појадок
• трансфер со автобус на релација аеродром-хотел-аеродром
• панорамски разглед на Санкт Петерсбург според програма
• услуги на локален водич во Русија и пратител
• трошкови за организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:

• аеродромски такси во Белград и Русија ( 100 €  возрасни и деца) – износот е подложен на промена.          Деца од 0-2 години не плаќаат аеродромски такси, деца од 02-12 години плаќаат полн износ на аеродромски такси.
• меѓународно патничко осигурување
• услуги кои не се назначени во програмата
• индивидуални трошоци
• факултативни излети (минимум 10 лица за реализација) – плаќање во агенција
• доплата за еднокреветна соба (на барање)

* виза за Русија

 

Цени на  ФАКУЛТАТИВА

 

Санкт Петерсбург- Факултативни излети

Минимум – 10 лица

Ермитаж

40 е

Пушкин + Павловск

55 е

Петергоф – дворец и парк

50 е

Јусупов

40 е

Петропавловска тврдина

30 е

Крстарење по реки и канали

30 е

Исакиевска црква

10 е

 

Во цената на факултативните излети вклучено е: услуги за водичот, автобуски превоз и влезници.

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62,00  мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот аранжман,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф. / 06.01 18

 

Програма на патувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден :  Белград – Санкт Петерсбург

Состанок на групата на аеродром Никола Тесла во Белград, два часа пред полетување. (Полетување во 06:30 ч.). Лет за С. Петерсбург. Пристигнување на аеродром Пулково во 10:15 ч. Трансфер до хотел, сместување, одмор. ФАКУЛТАТИВНОКрстарење по реките и каналите. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

2 ден :  Санкт Петерсбург

После појадокот панорамско разгледување на градот со автобус, во траење од 3 часа, со професионален водич на српски јазик.

Санкт Петерсбург е еден од најубавите градови на целиот свет и има околу 5 милиони жители. Се наоѓа на обалата на Финскиот залив и делтата на реката Нева. Низ градот поминуваат 65 канали, на кои се наоѓаат 45 острови. Се разгледуваат Василевското острово со познатата зграда “ Берза “ , Универзитетската обала, Бронзениот коњаник – споменик посветен на императорот Петар II , Исакиевскиот плоштад со Исакиевската црква, Летната градина со летниот дворец, чија градба е започната 1704 година, бродот Аурора , кој претставува споменик на руската флота,

Срцето на градот е Невскиот проспект, авенија долж која се сместени некои од најубавите и најважни градби. Адмиралитет – градба во руски империјален стил, потсетува на времето кога Русија била голема поморска сила. Во близина е импозантниот Дворски плоштад со столбот на цар Александар во средина. Познатиот Зимски дворец е место на многу историски збиднувања, а Ермитаж најголемиот музеј на светот и еден од најстарите

активни музеи со збирка од преку три милиони уметнички дела, Петропавловската тврдина – изградена за одбрана од нападите на Швеѓаните, а денес под заштита на Унеско.

ФАКУЛТАТИВНО:Посета на Исакиевската соборна црква  за време на панорамскиот разглед на градот – еден од симболите на градот, најдобар пример за руското црквено градителство.

ФАКУЛТАТИВНО  - Посета на Петропавловската тврдина,која во 1703. е изградена од страна на Петар I. Денес оваа тврдина  се користи како музеј и простор за изложба и е под заштита на УНЕСКО. Во неа е и Петропавловската соборна црква во која се погребани сите руски царевиi.  Слободно попладне.Ноќевање. 

3 ден :  Санкт Петерсбург ( Царското село и Павловск )

Појадок.

Факултативно:  Царско село – Пушкин - симбол на преродбата на Русија и нејзината култура. Се наоѓа на 30 км од С. Петерсбург, каде на секој чекор се чувствува аристократскиот дух на најколемите руски владетели.

Ќе бидете одушевени од најлуксузната палата на Катарина Велика, во која на декорација се потрошени 100 кг чисто злато. Секоја од 57 –те сали ќе ве одушеви со својот раскош, а од 2003 год. за јавност отворена е и ќилибарската соба.

Палатата е поклон е на царот Петар на сопругата Катарина во чест на раѓањето на ќерката Јелисавета. Кога го презела тронот, по нацрт на познатиот италијански архитект Растрели, а по наредба на Јелисавета,изграден е раскошен дворец опкружен со прекрасен парк украсен со многубројни статуи. До Втората Светска војна Царското село била летна царска резиденција. 

Факултативно:  Павловск – една од најдобро сочуваните царски палати. Самиот дворец, кој бил и летна царска резиденција, претставува раскошна неокласична градба опкружена со англиски парк, прв во Царската Русија. .После смртта на царот Павел, дворецот е доделен на неговата сопруга Марија Фјодоровна. Делови на дворецот се уништени во големиот пожар, но во 1803. потполно е реставриран.Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден :  Санкт Петерсбург ( Петерхоф )

Појадок. Поаѓање на полудневен факултативен разглед на Петерхоф или Петровиот дворец и парк. Се наоѓа на обалата на Финскиот залив,дваесетина километри западно од Санкт Петерсбург. Изграден е од страна на Петар Велики во 1705.година. Се до Октомвриската револуција служел како царска резиденција, а во 1918 година бил претворен во музеј. За време на Втората светска војна бил под окупација на нацистите, а нешто подоцна во бомбардирање бил комплетно разрушен. По војната започнала реконструкција која трае до ден денес. Бројните фонтани, поради кои овој музеј го добил името „руски Версај“, повторно проработиле во 1946 година. Година дена подоцна до израз дошла и целата убавина на барокната архитектура на Петерхоф, чиј украс е не само паркот, туку и бројните фонтани (повеќе од100). Дворецот Петерхоф и неговиот парк со фонтаните се на листата на заштита на УНЕСКО. Враќање во хотел. Слободно време.Ноќевање.

5 ден :  Санкт Петерсбург ( Ермитаж и Јусуповск )

По појадокот факултативен разглед на Ермитаж – најголемиот музеј на светот со преку три милиони експонати изложени во шест згради на обалата на реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец, некогаш званична резиденција на руските цареви. Колекцијата на музејот влече корени уште од 1764 година, од збирката на уметнички предмети на царицата Катарина II.Најзначајни збирки се секако оние со делата на Микеланџело, Да Винчи, Рембрант, Рубенс, Ван Гог, Пикасо, Матиз... За респект е и археолошката збирка, како и збирката на европската средновековна уметност „Галеријата со богатството“ е повеќе од фасцинантна, а  „Рафаеловиот ходник“ - копија на познатата галерија во Ватикан е незаборавен впечаток за сите времиња. Слободни попладне. Ноќевање.

Факултативен разглед на дворецот Јусупов, кој има значајно место во историјата не само на градот, туку и на  Русија во целина. Се работи за не толку раскошна. колку уникатна архитектонска градба со голем парк на брегот на реката Мојка. Многумина го нарекуваат „енциклопедија“ на руската аристократија. Во периодот од 1830.до 1917 година бил дом на пет поколенија на фамилијата на кнезот Јусуп. Во 1916 година, во него е убиен рускиот мистик Григориј Распутин. Собата во која бил застрелан од страна на кнезот Феликс Јусуп, денес е една од најпосетените. За туристите еднакво атрактивни се и бројните дворски апартмани, свечените сали, галериите, двораните, мини театрите...Од 1990 год. дворецот Јусупов е културен центар и место на бројни збиднувања, како стални изложби па се до прекрасни концерти на уметници од целиот свет. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

6 ден :  Санкт Петерсбург- Белград

Напуштање на собите. Слободно време за прошетки и ручек во градот, како и купување на сувенири. Багажот може да се остави на рецепција на хотелот ( во гардероба). Трансфер до аеродром Пулково, лет за Белград во 21:30 ч. Оброк во авион. Пристигнување на аеродромот Никола Тесла во Белград во 23:15 ч.

Забелешка

Напомена  - Аранжманот е со поаѓање од Белград, но може да се поврзе со летови од Скопје / Охрид.

За подетални информации, слободно контактирајте не.

Сподели со пријателите: