+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
***
1
BB
превоз

Солун претставува една од најпосетуваните метрополи од страна на туристите од Македониај. Тоа се должи секако на близината, но и на содржините и убавините кои што ги нуди, како град во Грција кој е втор по големина.  Солун претставува културен и забавен центар и еден од најзначајните туристички региони во цела држава. Поседува голем број на паркови, музеи, град домаќин на голем број на фестивали и спортски настани, шопинг центри, прекрасно уредено шеталиште, кафетерии и ресторани за сечиј вкус. 

Центарот на Солун е изграден од тим Француски архитекти кои направиле одличен спој на традиционалното и урбаното , градејќи голем плоштад и многу мали плоштади, поврзани со булевари и дијагонални улички, со што има непречено движење во сообраќајот, како на возилата, така и на пешачите.

Но и покрај сите содржини кои ги нуди, една од поглавните причини за големата посетеност е и убавата клима, која овозможува уживање на морскиот брег.

Метеори е регион во Грција, познат по големата духовност и мир кој им ги овозможува на посетителите . Тука се наоѓаат седум манастири, во идилично, панорамско окружување. Се наоѓаат на 400м надморска висина во Каламбака. Шест од нив се отворени за посетителите. Скалните пештери на Метеора биле населени уште од 11 век од страна на христијаните. Во минатото, во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири. Метеора се под заштита на УНЕСКО.

 

Галерија

Ценовник

Цена по лице   4.890 денари

Програма на патувањето

1 ден. Сабота 10 Март

Состанок на групата во 04:15 – од пред Т.А. ВИС ПОЈ Охрид.

Поаѓање во 04:30 часот за Солун. Патувањето води преку граничниот премин Меџитлија... Пристигнување во Солун во предпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг. Солун е привлечен за сите категории на туристи. Можете со часови да уживате во голема шолја кафе покрај море, или да пробате од вкусните торти и колачи, кои се карактеристични за Грција, уживајќи во прекрасниот поглед, За оние кои сакаат активен престој, Ви предлагаме панорамска прошетка со мини бус, кој е организиран специјално за туристите во Солун, при што имате можност да ги видите сите убавини на градот. Покрај брегот, ке најдете голем број на бродови, со различна тематика, кои нудат пловидба по вода за одреден временски период, со анимација за време на патувањето.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација

Организирана вечера во традиционална грчка таверна со музика во живо

Ноќевање.
 

2 ден Недела 11 Март

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел и заминување за Каламбака. Пристигнување во Каламбака во прeтпладневните часови. Заминување за Метеори, кој уште ги нарекуваат „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција . Денес од шесте манастири, пет се машки и еден женски манастир. Само дел од од нив служат како туристичка атракција во кој, може секој посетител, токму овде за миг да ја почуствуваат духовната магија. Посета на еден од најголемите комплекси - манастирот Свето Преображение. По разгледот – посета на работилницата за икони, изработка на црковни предмети кои се изработуваат според древната црковна традиција. Факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака.

Попладнето заминува за Охрид. Патување со кратки попатни паузи. Пристигнување во Охрид во доцните вечерни часови .

 

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • релација

  • Посета на Солун

  • Хотелско сместување 1 ноќевање со појадок

  • вечера во таверна

  • Посета на Метеори, посета на работилницата на икони

  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Влезници при посета на културно – историските споменици

  • Факултативен ручек во Каламбака

  • Патничкото осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници!

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. ВИС ПОЈ и СКТМ