+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 375
****
1
ALL
превоз
5

Хотелот е изграден во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс а другата до самиот корален гребен, идеална за нуркање. Оддалечен е 3км од Сакала и 10км од аеродромот. Хотелот располага со еден базен за возрасни и еден базен за деца, спа центар со сауна,фитнес и турска бања а исто така  нуди и голем број на спортови како одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, билјард, центар за нуркање, спортови на вода, терен за сквош и тенис (во соседниот хотел). 

Хотелот располага со 825 соби со бања, фен, телевизор со сателитски канали, телефон, мини бар, клима уред, сеф.

На располагање на гостите се два главни ресторани и два а ла карт (италјански и морски ресторан) пица-снек бар и повеќе други барови, дискотека, интернет центар, златара и фризерски салон

 

 

 

 

 

Галерија

Ценовник

SUNNY DAYS EL PALACIO 4* ПОАЃАЊЕ  02.јул 09.јул 16.јул 23.јул 30.јул 06.авг 13.авг 20.авг 27.авг 03.сеп 10.сеп
Сакала ВРАЌАЊЕ  08.јул 15.јул 22.јул 29.јул 05.авг 12.авг 19.авг 26.авг 02.сеп 09.сеп 16.сеп
Се вклучено НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д
ДВОКРЕВЕТНА СТАНДАРДНА СОБА возрасен 415 415 425 435 435 435 435 435 425 415 415
(2+2) 1 Дете 2-13,99 & 2 дете 2-6,99 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225
  2 дете 7-13,99 300 320 325 330 330 330 330 330 325 320 320
  3 возрасен 385 385 395 405 405 405 405 405 395 385 385
(1+1) (1+2 ) Доплата за 1/1 соба 75 95 100 105 105 105 105 105 100 95 95
ДВОКРЕВЕТНА ДЕЛУКС СОБА возрасен 405 445 455 465 465 465 465 465 455 445 445
(2+2) 1 Дете 2-13,99 & 2 дете 2-6,99 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225
  2 дете 7-13,99 315 335 340 345 345 345 345 345 340 335 335
  3 возрасен 415 415 425 435 435 435 435 435 425 415 415

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.

vis/j 

 

 

Програма на патувањето

01. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 06. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).

07. ден    ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

Забелешка

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80 евра
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

 

 

Сподели со пријателите:
Хотелот е изграден во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс а другата до самиот корален гребен, идеална за нуркање. Оддалечен е 3км од Сакала и 10км од аеродромот. Хотелот располага со еден базен за возрасни и еден базен за деца, спа центар со сауна,фитнес и турска бања а исто така  нуди и голем број на спортови како одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, билјард, центар за нуркање, спортови на вода, терен за сквош и тенис (во соседниот хотел)." data-share-imageurl="">