+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Error message

Warning: uasort() expects parameter 1 to be array, null given in node_view_multiple() (line 2680 of /home/vispoj/public_html/mak/modules/node/node.module).

Турција со авион

ТУРЦИЈА  се протега на два континента, а ги спојува Истокот, Западот и Ориентот, и тоа од времето на античко-византискиот период, Отоманската, Римската и персиската империја. Граничи со осум држави и излегува на четири мориња. Територијата на Турција во должина е долга околу 1.600 километри, а широка 800 километри. Во светски рамки, Турција е 37. земја според територијата. Цела Турција е планинска земја со поголем број езера и со континентална, океанска и со средоземна клима. Специфичната местоположба на Турција ѝ обезбедува да биде третирана како крстопат меѓу Азија и Европа.

Турција е држава која  во својот состав брои  голем избор на дестинации, атрактивни за посета во текот на целата година, но несомнено  земјата е најпосетена од домашни и странски  туристи  за време на летниот период.

Веселото и гостопримливо население е карактеристично за Турција.

Турската кујна е  многу блиска со нашата и важи за  една  од најдобрите во светот.

 

ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
- Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното - планирано време на полетување.
- Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

Понудата во ова издание се однесува на ограничен број места. Организаторот не одговара за евентуални ненамерни грешки настанати при техничката подготовка. Организаторот го задржува правото на промена на цените согласно Општите услови на патување.

 

 

 

 

Pages