+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
1
BB
превоз

Ценовник

Големо задоволство ни е да ви најавиме дека после долги години обидување, конечно една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS за прв пат доаѓа на Балканот!

Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на SKOPJE CALLING 2018 година.

TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година. 

Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.

Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека еден од најголемите фаворити на сите времиња од екс југословенските простори на канцеларијата на Авалон Продукција како и на македонската публика, Дарко Рундек, ќе настапи со својот бенд со Greatest hits шоу на 23 јуни и тоа пред настапот на легендарните TEXAS, што значи дека саботната вечер ќе биде вечер на уживање за сите генерации.

Еден од најдобрите британски поп рок бендови TEXAS како и хрватската жива легенда ДAРКО РУНДЕК, ќе настапат со целовечерни концерти кои ќе траат по 90 минути.

 Цени од 1000 денари партер и 1.500 денари фан пит.  

Сподели со пријателите: