08:00 - 16:00
Положба
Хотелсот се наоѓа во областа Konakli, оддалечен 12км од Аланија и 11 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 176. Стандардни соби (28m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинат на подот, балкон. Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна вечера. Храна и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни од 10:00 – 24:00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено во концептот: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, пијалоци во Диско клуб, послуга во соба, свежо цедени сокови, Турско кафе, наргиле, храна и пијалоци по 24:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Themis (Турска кујна), Tethys (рибен ресторан), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, рент а кар, чување деца, услуги за перење и пеглање се со доплата. WI-FI интернет конекција на јавни места е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 250 метри од хотелот, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Пешкири на базен се бесплатни, на плажа со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, одбојка н аплажа, пинг понг. Wellness и SPA центар, масажи, спортови на вода, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско во вечерните часови.