08:00 - 16:00
Положба
Хотелот е лоциран во областа Kargicak, 20км од центарот на Аланија и 155км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 559. Стандардни соби во главна зграда 189 (33м², една спална, купатило, макс.2+2 лица), Вила стандардни соби 312 (36м², една спална, купатило, макс.2+2 лица), Terrace суит 4 (64м² и 20м² тераса, макс.6 лица), Јуниор суит 21 (71м², макс.5 лица), Corner суит 15 (64м² и 20м² балкон, макс.5 лица), 1 King и Queen суит и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сполит систем, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих или ламинат на подот, Wi-Fi интернет, балкон, поглед на море или планина.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна ужина, ужина преку ден, сладолед во одредени часови во денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Специјални увозни вина и пијалоци, A’la Carte ресторани, свежо цедени сокови, услуга во соба, се наплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: La Monte (Италијански ресторан), Тuam (Турски ресторан), Turkuaz (ресторан со морска храна), барови околу хотелскиот комплекс, WI-FI бесплатно, Диско бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car, се наплаќаат.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња, лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири на плажа се бесплатни. Гостите до плажа можат да се симнат со лифт кој е оддалечен 4 мин. од хотелот или пак можат да користат превоз шатл бус.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 8 лизгалици за возрасни и 4 за деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, Џакузи, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, Клеопатра соба во Турска бања, велнес центар, масажа, школо за нуркање, се наплаќаат. Забавни програми преку ден, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.