+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00

Почитувани клиенти,

Во продолжение ја приложуваме уредбата за примена на законот за туристичата дејност за време на вонредната состојба предизвикана од COVID-19:

 

Член 1

Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14, 116/15, 192/15, 53/16 и „Службен

весник на Република Северна Македонија“ 31/20), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За начинот на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за откажаните туристички аранжмани за време на траење на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

 

Член 2

Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот за туристичкиот аранжман.

Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година.

 

Член 3

Начинот на издавање на Ваучер од член 2 на оваа уредба со законска сила ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот кои ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.

Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.

 

Член 4

Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на траење на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот.

 

Т.А. ВИС ПОЈ 
 

Сподели со пријателите:
Почитувани клиенти,

Во продолжение ја приложуваме уредбата за примена на законот за туристичата дејност за време на вонредната состојба предизвикана од COVID-19:

 

Член 1

Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија бр." data-share-imageurl="">