+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 265
***
3
BB
превоз
3

Виена е последниот главен град на деветнаесет вековниот бал. Денеска во Виена постојат околу 200 значајни балови во годината, некои од нив вклучуваат и изведби на околу 9 живи оркестри. Баловите се одржуваат на различни убави палати во Виена, како принципална арена за нив сметајќи се дворецот Хофбург на Хелденплац.

Најголеми туристички атракции во Виена се царските дворци Хофбург и Шенбрун ,во кој е сместена и најстарата зоолошка градина во светот, Тиегартен Шенбрун  и панорамата во забавниот парк Пратер од која може да се види целата панорама на градот. Други познати содржини на градот се: Бургтетар, Државната опера на Виена, липицанските коњи и виенскиот машки хор како и екскурзиите до виенскиот хеуригенски округ Дублинг.

Во градот постојат повеќе од 100 уметнички музеи, кои сите заедно привлекуваат околу 8 милиони посетители годишно. Најпопуларни се Албертина, Белведере, Леополдовиот музеј, Уметничкоисторискиот музеј., Природонаучниот музеј  и Теничкиот музеј, од кој секој годишно добива околу двестапедесет илјади посетители.

Постојат многу туристички атракции кои се поврзани со композитори кои живееле во Виена, вклучувајќи ги неколкуте резиденции и гробот на Бетовен кој се наоѓа на централните гробишта, најголеми во градот и место каде што почиваат многу познати луѓе. Моцарт има меморијален гроб во Хабзбуршките градини и на гробиштата Св. Маркс. Многуте цркви на Виена привлекуваат големи метежи од кои најпознати се: Катедралата Свети Стефан (или како што уште се нарекува Штефансдом), Језуитската црква, Црквата Свети Чарлс, Црквата Свети Петар, Свети Руперт, Вотивната црква и други.

Денешни атракции кои и припаѓаат на модерната доба се Хундертвасер, зградите Обединетите Нации, како и погледот од Дунавската кула.

Галерија

Ценовник

Цена по лице : од 265 евра

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје – Виена – Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во xотел ***  3 BB

Летови: секој ден
*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - xотел, 
- Патничко осигурување
- Факултативни излети

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и 

промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

Аеродромот во Виена е на одалеченост од 19 километри од центарот на градот. Постојат три опции на трансфер со такси, воз или автобус. Трансферот со такси изнесува околу 36 евра, додека трансферот со воз може да се постигне на два начини со дирекната линија од аеродромот до центарот која изнесува 12 евра по лице или со градкото метро S7 кое изнесува околу 4 евра. Брз и евтин трансфер може да се постигне исто така и со автобуските градски линии кои изнесуваат 8 евра по лице.

 

Програма на патувањето

Програма:

1 ден: Пријавување на аеродром два часа пред летот. Лет Скопје Виена во 12:45 минути. По пристигнувањето, трансфер до хотел и сместување. Слободно време за индивидуални активности. 
2 – 4 ден: Разглед на Виена со локален водич.: Посета на царските дворци Хофбург и Шенбрун , Бургтетар, Државната опера на Виена,Катедралата Свети Стефан, ... Во текот на престојот Ви препорачуваме да  посетите некој од локалните кафичи и да ја вкусите долгогодишната традиција на подготовка на вкусно кафе, каде не ретко ќе чуете дека баш Виенските кафулиња за прв пат го измислиле процесот на филтрирање на кафето. Љубителите на десертите не смеат никако да ја пропуштат можноста да ја вкусат оригиналната Захер торта , која може да се проба во една од многуте слаткарници во центарот на Виена .Исто така препорака за гурманите е да ја пробаат традиционалната Виенска шницла. Уживајте во долгите прошетки по виенските улици, пропратени од нежни звуци на класицизмот ... 
4 ден: Трансфер од хотел до аеродром три часа пред летот . Пристигнување во Скопје во попладневните часови.  

* Рингштрасе е најпознатата прстенеста улица во светот  нарекувана и "Кралица на улиците " e дел од културното наследство на Виена, заштитена од УНЕСКО .Улицата е изградена на местото на ѕидините на средновековниот град Виена. Шетајќи  околу улицата може да се забележат прекрасните градби во Ренесансен, Готски , Класичен и Барок стил меѓу кои   Виенската опера, Судкста палата, Австрикиот Парламент ,Виенската градска зграда( Ратхаус), Театарот, Универзитетот , Факултетот за применети уметности. Интересен податок поврзан со Рингштрасе е дека Зигмунт Фројд практикувал секојдневни прошетки токму по оваа улица.

* Катедралата св.Стефан изградена во Римско -Готски стил е еден од најпознатите споменици во Виена. Сместена во срцето на центарот на градот, на самиот плоштад Стефанплац, катедралата претставува симбол на голем број значајни историски настани од време на Хабзбуршката династија, како и на настани од поново време на модерна Австрија.

* Хофбург - Поранешниот зимски  дворец на Хабзбурговската династија изграден во 13 век . Се наоѓа во центарот на градот , а денес е седиште на  претседателот на Република Австрија.

* Шенбрун - Поранешниот летен дворец  на Хабзбурговската династија . Денес е еден од најважните културни споменици во Австрија и една од најголемите туристички атракции на Виена.  Овој дворец воодушевува со прекрасните градини, склуптури и лавиринти кои се наоѓаат помеѓу дворецот и Нептуновиот бунар .

Забелешка

Предлог за посета:

Направете пешачка тура по Рингштрасе бидејќи така најдобро ќе можете одблиску да се воодушевувате на прекрасните градби кои Ве враќаат во славното минато на магичната Виена. Почнувајќи од Операта  па се до  Градската куќа ќе може да уживате во прекрасната архитектура на Тетараот, Универзитетот , монументалниот  Парламент кој е изграден по моделот на старогрчките храмови, дворецот Хофбург и катедралата св. Стефан, најголемиот симбол на Виена.Токму таму на Стефанплац може да се возите со кочии и да посететите некоја од другите градски катедрали. 

Потоа продолжете го Вашиот разглед низ музејскиот кварт, најкултурниот дел од градот , воедно и осмиот најголем музејски кварт во светот. Недалеку од таму се наоѓа  Музејот на историја на уметноста, Природонаучниот музеј , Албертина и голем број на споменици, меѓу кои оние на Моцарт, Бетовен и Штраус. 

По разгледот на градот добро е да застанете и да се одморите во многубројните ресторани и кафулиња во центарот на градот. Таму можете да ги пробате виенските специјалитети како виенската шницла , оригиналното кафе и захер тортата. Препорака за љубителите на десертите е да ја пробаат оригиналната захер торта во  Хотел Захер или во слаткарницата Демел која исто така го има правото на подготовка на оригиналната ,надаллеку позната торта. Исто така Ви препорачуваме да ги посетите улиците Мариаклиферштрасе и Картнер за да направите добар шопинг, додека многубројните кафичи на Рингштрасе и Гуртела се одличен избор за да ја доживеете ноќната магија на градот во кој според многумина најдобро се живее.

вис/ј