+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 139
***
2
BB
превоз

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Галерија

Ценовник

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10 НОЕМВРИ:  139 € 8.620 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 € 9.240 ден

Програма на патувањето

Tермин: 06Декември

 

1 ден  06.12.2018Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 16.00 ч. и поаѓање за Виена во 16:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2ден 07.12.2018шопинг центар Parndorf - Виена

Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг... По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 08.12.2018 Шенбрун

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 09.12.2018Виена - Скопје

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.12.2018Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Забелешка

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •   Превоз со високотуристички автобус
  •   Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  •   Посета на шопинг центар Парндорф
  •   Професионален туристички придружник
  •   Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •   Разглед на Виена со локален водич - 10€
  •   Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30
  •   Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ - мин. 30 лица за реализација
  •   Дунавска Кула (превоз + влезница) – 10€
  •   Патничко осигурување –160 ден
  •   Доплата за еднокреветна соба – 2.100 ден
Сподели со пријателите:
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет." data-share-imageurl="">