+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 25
***
1
RO
превоз
5

Вила SAN MARCO***  се наоѓа во Бечиќи, над хотелот „The Queen of Montenegro“, на 10 мин пеш од морето. Одалечена од плажа околу 400m.

Вилата е сместена во мирен дел на овој преубав приморски град и идеална е за одмор за сите генерации..Вилата во својот состав има  36 студија, двокреветни и двокреветни со помошен кревет..Поседува сопствен паркинг, кој не се наплаќа, нема лифт.  

Студио  1/2  располага со француски кревет, студио 1/2+1 со француски кревет и еден помошен кревет (фотеља која се отвора), купатило, кујна и тераса. Кујната е комплетно опремена со бела техника и садови. Секое студио има  TV, клима уред и  wi-fi интернет.. Постои можност за наем на студио во приземје, кое располага со креветче за бебе ( не се наплаќа дополнително). Крпите и постелнината се менуваат на секој 7 дена, доколку се престојува подолго од 10 дена. Доплнително чистење, со доплата ,  може да се добие на барање на гостите, како и услуга за перење.  

На рецепција на вилата може да се изнајмат велосипеди, како и можност за организирање на факултативни излети ( Острог, Кањон Тара, Скадарско езеро, Националниот парк Ловчен, Заливот на Бока Которска) како и услуги за трансфер - информации и плаќање на лице место.
 

Галерија

Ценовник

 

Цена по соба на ден без оброци

01.05-31.05.

01.06-30.06.

01.07-10.07.

11.07- 20.08.

21.08-31.08.

01.09-30.09.

01.10- 31.10.

Двокреветно студио

25

30

35

45

40

30

25

2+1 Студио

30

35

45

55

50

35

30

Цената вклучува:
- сместување во студио, на база НАЕМ
 
Цената не вклучува:
- превоз
- исхрана
- туристичка такса 1.00 евра на ден, по лице, деца 12-18 год. 0.50 евра, која се плаќа на лице место

Попусти:
- дете до 2 години во 1/2 студио, во заеднички кревет - ГРАТИС
- доколку во студио 1/2 престојува само едно лице добива попуст од 20% во термините вон сезона ( сезона -  01.07-31.08 ).
- специјален фамилијарен попуст: за наем на две студија на фамилиите им се одобрува попуст  од 15 % на вкупната цена

Доплати:
- за престој пократок од 3 ноќи, цената се зголемува 20%

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62,00  мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

VIS/ј/sm

Сподели со пријателите: