+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 13
***
2
BB
превоз

Прославата на христијанскиот празник Богојавление или кај народот попознат како Водици, празникот посветен на Исусовото крштевање,  се обележува на териоторијата на цела Македонија, но Охрид може да се пофали со најмасовната прослава на Балканот.

Кој не бил во Охрид во овој период од годината, доволно е еднаш да го посети и да се уверии дека Охрид живее за овој ден. Градот е украсен со зеленики и црвени знаменца, особено пристаништето каде што се одвива главната церемонија. Хотелите нудат ниски цени за сместување, а попуст има и во сите угостителски објекти.

Бројот на капачи во осветените езерски води секоја година се зголемува,а освен охриѓани има кандидати и од други градови на Македонија. Младите во Охрид имаат култ кон овој празник и воопшто не им пречи ладната вода. Дел од нив нуркаат во езерото барајќи го крстот, а други едноставно само се капат за здравје и берижет.

Капачите се поделени на “тајфи” и по фаќањето на крстот, фаќачот и неговата тајфа одат од куќа до куќа пеејќи ја песната  “Во Јордание”.

Повозрасните охриѓaни се сеќаваат дека пред Втората светска војна, крстот се фрлал кај Пристаништето од голем стар чун. Тогаш на манифестацијата присуствувале владиката и првите луѓе на градот. Потоа следела забраната од тогашниот режим, но традицијата сепак тајно ја одржале жителите на стариот Охрид до 1990-та кога се обнови јавното масовно фрлање на крстот.

Последните години празникот Водици прераснува во зимска туристичка атракција. Во овој период Охрид е посетен од домашни и странски гости, дипломати, гости од православниот свет, медиумски екипи од соседните држави ...

Од рано утрото од сите страни се слуша црковно пеење. На посебни места, а неретко и од самите дуќани по чаршијата  се служи греена ракија. Насекаде се чувстува празнична атмосфера.

Наредниот ден, за добар улов таа година, се слави денот на рибарите – кога старите охриѓани повторно пливаат во студените води на езерото, обидувајќи се да допливаат до бурињата полни со вино, кои подоцна се отвораат и се пијат со тајфите на фаќачот. На брегот во голем казан се подготвува рибја чорба, која се служи на сите присутни.

Галерија

Ценовник

-  Хотел  4 *  -  3 НП   -  49  еур            -  Хотел   3 *   -  3 НП  -  39  еур  

                       -  2 НП   -  34  еур                                     -  2 НП  -  29  еур     

Цените се дадени по лице, за сместување во двокреветна соба, на база 2  или  3 ноќевања со појадок.       

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф.  06.12

Програма на патувањето

ВОДИЦИ  ВО  ОХРИД

***  19  ЈАНУАРИ  2018  ***

 

 

Доживејте ја магијата на Охрид во зима, за време на еден од најголемите христијански празници  

                                            „Богојавление Водици“ (19.01.2018).

 

Ве покануваме да присуствувате на празничните литургии во охридските цркви како и на народниот собир на охридското пристаниште, каде ќе се изврши осветување на водите на езерото.

19.01.2018

Празнична литургија, фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро, голем народен собир. На секој чекор се служи греана ракија, а убавата атмосфера ја надполнува звукот на црковно пеење.

20.01.2018

Денот на рибарите – кога старите охриѓани повторно пливаат во студените води на езерото, обидувајќи се да допливаат до бурињата полни со вино, кои подоцна се отвораат и се пијат со тајфите на фаќачот. На брегот во голем казан се подготвува рибја чорба, која се служи на сите присутни.