+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 159
***
3
BB
превоз
5

Паличкото езеро заради својата геолошка еколошка вредност е прогласен за заштитен парк на природата , содржи 197 врсти на риби , 207 врсти на птици од кои околу 50 се наоѓаат на светскиот попис на загрозени врсти . Едно е од најубавите езера кое со своите термални води , песочни патеки , плажи, со раскошната архитектура навистина дава прекрасна глетка обезбедува мир и спокојство така да не е чудно што некогаш преставувало модерен центар за европската аристократија.
ВИНАРИЈА БОГДАН – ја обединува специфичноста и традицијата на Паличките лозја и најсовремената француска технологија за правење вина , а го носи името на познатиот суботички пеач на староградски песни г–дин Звонко Богдан. Во винаријата се прави дегустација на 3 врсти вина .

Суботица е најсеверниот град и втор најголем урбан центар во Србија. Се протега помегу Дунав и Тиса . За разлика од многу Европски градови во Суботица не доминира велелепна  катедрала , туку познатата  Градска Кука изградена 1912 година . Во непосредна близина се наоѓаат зградата на Националниот театар,  Необарокната градска библиотека и споменикот на царот Ненад  Јован. Во Суботица е прекрасно да се прошета и по вториот најголем плоштад  Свети Теразије, , со Барокната Катедрала со ѕвона високи 64 метри. На крајот на овој плоштад се наоѓа  еден од најголемите споменици на жртвите на фашизмот.

Сомбор е град со богато културно наследство , чувар на старата традиција,  неговател на раскошната историја , во која многу уметници, поети, го нашле својот  мир каде и ги твореле своите најпознати уметнички творби.

Нови Сад последниве години постојано е на топ листите за најпосетените дестинации во Европа. Доживување е да се посети Петроварадинската тврдина , наречена Гибралтар на Дунав чиј камен темелник е поставен уште во 17 век, а градењето траело 88 години. Ова е ремек дело на војна архитектура , од каде се пружа прекрасен поглед на градот , и бројните подземни тунели . Еден симбол од тврдината е големиот сат на видиковецот, поставен така да патниците кои пловеле по Дунав, од далеку можеле да  видат колку е сатот .

 

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот  9.900 денари

Програма на патувањето

СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – САЛАШИТЕ – СОМБОР - КЕЛЕБИЈА – СЕГЕДИН – НОВИ САД

19.10 – 23.10.2018

5 ДЕНА/ 3 НОЌЕВАЊА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

 

1 Ден - 19 Октомври  / Охрид - Суботица

Состанок со групата на автобуска станица во Охрид во 21:30 часот . Поаѓање во 22:00 часот. Ноќно возење кон Војводина со кратки попатни паузи.
 

2 ден – 20 Октомври / Суботица - Палич 

Пристигнување во Суботица во утринските часови. Разглед на Суботица со локален водич. Посета на Фрањевачката црква, Православната црква, Градскиот музеј, Синагогата – една од најубавите во Европа, Гимназијата, Плoштадот на жртвите од фашизмот, Катедралата Св. Тереза Авилска, Капелата Св. Рока и трамвајот, Градската куќа, Библиотеката, Градската палата, Театарот, Јадран, Рајхловата палата и парк, Железничката станица. Сместување во хотел на Паличко езеро Слободно време за индивидуални активности и одмор. Попладнето, можност за факултативна посета на винаријата Звонко Богдан- обиколка и дегустација на 3 вида врвни вина. Ноќевање.

 

3 ден - 21 Октомври  / Палич – Сегедин

Појадок. Можност за индивидуални активности и прошетки по Паличко езеро, посета на зоолошката градина во Палич, уживање и релаксација во прекрасно окружување. Има легенди кои велат дека езерото е остаток од Панонско море, додека често помеѓу локалците ќе чуете дека тоа настанало од солзите на овчарот Павле, кој го пасел стадото во падините на езерото, па затоа истото има солена вода.

Организиран факултативен целодневен излет до Сегедин- град во јужна Унгарија на брегот на реките Муреш и Тиса. Преставува регионален центар, на југоисточниот дел од државата и главен град е на жупанијата Чонград. Овај уреден европски град, со прекрасни плоштади, орнаментирани градби и има повеќе туристички атракции од многу други градови во регионот. Исто така Сегедин е еден од најпознатите универзитетски градови во Европа. Самото име е составено од два збора – острово и агол – затоа што реката Тиса се влева под прав агол во реката Муреш. Сегедин е исто така многу познат и пошироко во светот  по  Универзитетот за биолошки истражувања.  Како град е препознатлив и по големиот број на сончеви денови во годината . За време на разгледот се гледаат Градската куќа, главниот  плоштадот  Széchenyi, плоштадот   Klauzál, Поклоненичката црква со железни порти – Портите на животот. Слободно време за индивидуални активности или шопинг во познатите маркети Метро, Аусхан и Т.Ц Аркад.

Вечерта, посета на Мајкин салаш и организирана вечера со музика во живо. Голем избор на традиционални српски и интернационални јадења кои се служат во пријатна атмосфера на салашот, со голем избор на локални пијалоци. Враќање во хотел. Ноќевање .

 

4 ден – 22 Октомври / Палич – Сомбор – Келебија

Појадок. По појадокот факултативен излет во Сомбор. Сомбор е град со богато културно наследство , чувар на старата традиција,  неговател на раскошната историја , во која многу уметници, поети, го нашле својот  мир каде и ги твореле своите најпознати уметнички творби.
Сомбор е надалеку познат по своето зеленило , поточно по дрвјата  -боџоши кои се донесени од Мисисипи уште 1903 година и со право го носи името НАЈЗЕЛЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА  . Не треба да се заборави ни стариот флакер кој и денес бледо лута по улиците на градот одржувајќи ја традицијата на старите времиња . Попладнето посета на Келебија – познатата Ергела, возење со фијакер и јавање коњи по желба. Враќање во хотел. Ноќевање

 

5 ден – 23 Октомври / Нови Сад – Охрид

Појадок . Одјавување од хотел и заминување за Нови Сад. Град кој последниве години постојано е на топ листите за најпосетените дестинации во Европа. Доживување е да се посети Петроварадинската тврдина , наречена Гибралтар на Дунав чиј камен темелник е поставен уште во 17 век, а градењето траело 88 години. Ова е ремек дело на војна архитектура , од каде се пружа прекрасен преглед на градот , и бројните подземни тунели . Еден симбол од тврдината е големиот сат на видиковецот поставен така да патниците кои пловеле по Дунав од далеку можеле да  видат колку е сатот. Разгледот на Нови Сад е прошетка по Дунавската улица и паркот, неоготската римокатоличка катедрала, Владетелскиот двор, Градската кука..... Слободно време за кафе, освежување и продолжување на патот за Охрид. Возење со кратки попатни паузи за одмор. Пристигнување во вечерните часови.

 

Забелешка

Во цената е вклучено :

- Организиран превоз со автобус од Охрид и Скопје 

- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* на брегот од Паличкото езеро

- Разглед на Суботица со локален водич

- Разглед на Нови Сад со локален водич

- Организација и водство на патувањето

 

Во ценета не е вклучено :

- Посета на винаријата на ”Звонко Богдан” со дегустација на вина - 10 евра

- Факултативна посета на Сегедин - 20 евра

- Факултативна вечера во Мајкин салаш со тамбурашки оркестар и музика во живо - 15 евра

- Факултативна посета на Сомбор и Ергелата во Келебија

- Услуги кои не се наведени во програмата

- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници-

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.

Сподели со пријателите:
Паличкото езеро заради својата геолошка еколошка вредност е прогласен за заштитен парк на природата , содржи 197 врсти на риби , 207 врсти на птици од кои околу 50 се наоѓаат на светскиот попис на загрозени врсти . Едно е од најубавите езера кое со своите термални води , песочни патеки , плажи, со раскошната архитектура навистина дава прекрасна глетка обезбедува мир и спокојство така да не е чудно што некогаш преставувало модерен центар за европската аристократија." data-share-imageurl="">