08:00 - 16:00
Положба
Хотелот е лоциран во областа Белек, 35км од аеродромот во Анталија и 45 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 559, распоредени во главна зграда, блок А и блок Б и во бунгалови. Главна зграда: стандардни соби (32м²; една спална соба со француски кревет + софа и едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби (60м²; две спални соби и едно купатило, макс. 4 лица), Делукс соби (30м²; лоцирани во главниот блок со една дневна соба и една спална, едно купатило со џакузи,30м2 голема тераса со џакузи макс. 2 лица), King суити (110м²; две спални соби и една дневна,со кујна,трпезарија, две купатила –едното со џакузи,150м2 голема тераса со џакузи и директен поглед на море макс. 6 лица). Сите соби во првата хотелска зграда се со купатило со када, фен, клима сплит систем кој работи 24 часа, телефон, мини бар (вода, минерална вода, сокови, млеко, јаткасти плодови, чоколадно млеко, чоколадни наполитанки, пиво, бело и црвено вино, чипс се надополнува секој ден), сеф, под со ламинат, сателитска LCD ТВ и музички канали, балкон, страничен или директен поглед на море. Блок А и Б: Стандардни соби блок А (32м²; една спална соба и едно купатило, макс. 2+2лица) Фамилијарни соби блок А (52м² две спални соби и едно купатило, макс. 4 лица), Стандардни соби блок Б (32м²; една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица). Фамилијарни соби блок Б (60м², две спални соби и едно купатило, макс. 4 лица) Сите соби се со поглед на копно, и исто уредени како собите во главната зграда. Бунгалови: Супериор стандардни соби (37м²; една спална соба и едно купатило, макс.2+2 лица), Сите соби во бунгаловите се со приватно купатило со туш и фен, клима сплит систем кој работи 24 часа, телефон, мини бар, сеф, плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон, сите соби се со поглед на градина. WI – FI бесплатно во сите соби. Специјална категорија на соби: Делукс соби (30m², во главната зграда со страничен поглед на море една голема спална соба, купатило, 30м² тераса со џакузи, макс.2 + 1 лица), Лагуна дуплекс вила (дворна површина 90м², на горниот спрат една спална соба и една бања со џакузи, на долниот спрат дневна соба или спална соба со 3 еднокреветни кревети и една бања со туш, тераса со директен пристап до базенот, макс. 6+2бебе), Кралска соба (120m ², главната зграда, две големи спални со купатила во секоја, една дневна соба, џакузи на голема тераса (со собата 260 m² , макс. 6 лица).
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок (сервиран во двата ресторани за возрасни и главниот) доцен појадок, ужина во клубот на плажа,ручек, вечера, полноќна ужина, бели пецива, сладолед, колачи, кафе и чај попладне, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови за појадок и во Витамин барот, енергетски пијалоци, фрижидери за безалкохолни пијалоци на плажа, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, мини бар во собите, сендвичи во лоби барот од 01.00-07.00ч. Луксузните увозни пијалоци, шампањско, сите флаширани вина, услугите во Wen Teppenyaki (Јапонскиот) ресторан, Mangioamo (Италијанскиот) ресторан, и Stek House, наргиле, собна услуга дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан и ресторан за возрасни -шведска маса, A’la Carte ресторани: Kebappa-Турски, Mangiamo-Италијански со доплата, Wen-Кинески, Wen Teppenyaki-Јапонски со доплата, Carino-Steak House (со доплата), Gracias-Мексикански, Ela Ela-Грчки, барови околу хотелскиот комплекс, пекара. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car, интернет café дополнително се наплатуваат. Бесплатна WI-FI интернет конекција во целиот хотел
Плажа
Сопствена песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце, пешкири, не се наплатуваат. Павиљоните со претходна резервација и со доплата. Има два типа-едните за семејства, другите само за возрасни над 16 год.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк со 5 лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, street ball, мини голф, пинг понг,и не моторни водени спортови, не се наплатуваат. Масажа, SPA&Wellness центар, осветлување на тениски игралишта, часови по тенис, голф терени- Montgomery, моторни водени спортови и школа за нуркање, интернет кафе и компјутерски игри со доплата. Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, мини кино, забавен парк за деца од 03-14.99 год.(бесплатно), шоу програм во вечерните часови. Tugi Kid - мини клуб за деца од 04-12 год и Клуб за тинејџери од 13-16 год, кино, специјална програма за бебиња од 0-3 год.