+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

За нас


  

 

Туристичката Агенција ВИС ПОЈ основана во 2002 година од професионалци со богато искуство од областа на туризмот,продажба на авиобилети,обезбедени со сите лиценци за извршување на таа дејност.

Користејќи го своето KNOW HOW и современите технички решенија во областа на организација на деловните патувања ВИС ПОЈ ги пружа услугите на повеќе македонски фирми организирајќи им ги авионските билети ,хотелските сместувања и комплетните услуги за реализација,со што им се овозможува на бизнис фирмите да заштедат многу од своето драгоцено време.

Особено сме посветени на секое индивидуално и специфично барање од нашите клиенти и секогаш при организирањето крајна цел ни е да постигнеме максимална заштеда на трошоците за сите ваши деловни патувања,а воедно и да постигнеме и најквалитетна и најпрактична понуда.

 

 

Во изминатиот период ВИС ПОЈ е потврден како водечки агент за организирање на корпоративите групни средби,семинари,конференции,презентации,тим билдинг,инсентив патувања,големи конгреси,натпревари и друга карактеристична организација на настани.

Наша специјалност е да се креира адекватна ,очекувана информација за место,детална програма ,осмислена со сите специфични барања за учесниците на малите и големите настани,секогаш движејки се во рамките на нивните можности и планираниот буџет.

 

По барање на клиентите ја превземаме организацијата на целосниот настан,вклучувајќи авионски билети,трансфери,хотелско сместување ,исхрана-кетеринг,екскурзии,водичи,бродски тури,фолклорни вечери,спортски игри и друг вид забава...

За приватните индивидуални патувања ВИС ПОЈ  претставува агенција - лидер во регионот со најголема професионална екипа ,експерти за советување и организација на целосното патување,обезбедувајќи виза,осигурување,авионски и автобуски билети и траекти за сите дестинации во светот.

ВИС ПОЈ го има правото за дирекно издавање на авиобилети за сите авиокомпании,преставник и корисник  е на многу хотелски системи за дирекно резервирање на хотел во било кој светски центар,има акредитација IATA

(763 20436) и единствен во регионот авторизиран во системот BSP за дирекно издавање на авиобилети.

Централната агенција е на ул.Булевар Македонски Просветители бр1 во Охрид.Со лиценца А(бр.587),членка на UFTAA,ATAM,HOTAM и e прогласена за најуспешна туристичка инкаминг агенција за 2010година од Министерството за економија на Република Македонија.

 

  

 

Сподели со пријателите:
  

 

Туристичката Агенција ВИС ПОЈ основана во 2002 година од професионалци со богато искуство од областа на туризмот,продажба на авиобилети,обезбедени со сите лиценци за извршување на таа дејност." data-share-imageurl="">