+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 165
***
3
BB
превоз
5

Барселона e главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година.
Таа се наоѓа на средоземниот брег во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола .

Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО.

Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.

Барселона има средоземна клима, со субсредоземно влијание. Што значи дека ова не е класична средоземна клима, со умерени, влажни зими и топли суви лета.

Што се однесува до температурите, декември, јануари и февруари се најстудените месеци, со температури од 9 °C на аеродром и повеќе од 10 °C во градот. Јули и август се најтоплите месеци, со просечни температури од 24 °C.  Највисоката температура забележана во центарот на градот е 38,6 °C. Додека пак, најниската забележана температура не надминува -5 °C.

Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува.

Улицата Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, големиот Аквариум - втор по големина во Европа, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите спомени.

Уживајте во неповторливите прошетки и убавото време 

Галерија

Ценовник

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ   165 ЕВРА 

*цената зависи од расположливите места на авио компанијата и хотелите, во моментот на резервирање 

Програма на патувањето

Програма:
1 ден   Поаѓање од Скопје во 18:00 часот од аеродром Скопје. Сместување во хотел. Ноќевање.

 
2-3 ден По појадокот препорачуваме посета на паркот Гауди, Музејот на восочни фигури, музејот на Пикасо, музејот и фондацијата на Хуан Миро, Аквариумот, Шпанско село, одвојте дел од времето секако и за шопинг...Вечерта посетете Фламенко шоу и пиете Сангриja. Прошетката по најпознатата улица „La Ramble”, споменикот на Колумбо, Катедралата Саграда Фамилиjа, плоштадите Каталонија и Шпанија, Магичната фонтана, прочуеното недовршено дело на Антонио Гауди „Casa Mila”, плажата Барселонета, брдото Мон Жуик... Ноќевање.

 
4 ден   Појадок. Одјавување од хотел и цел ден слободен за индивидуални активности . Доколку претходно не успеавте, посетете го Ноу Камп и уживајте во друштво на фудбалски фанови. Летот од Барселона е во 21:20 часот. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Скопје во 23:55

 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
-Повратен авиобилет на релација Скопје – Барселона – Скопје
-Аеродромски такси
-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

 

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер Аеродром - Хотел 

- патничко осигурување

- индивидуални трошоци 
 

Сподели со пријателите: