+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот. Се наоѓа на сама плажа.

Вкупен број на соби 557. Стандардни соби: 485 (32м² со поглед на копно, 28м² со страничен поглед на море, 32м² со поглед на море, една спална со француски креве + единичен кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица), фамилијарни соби: 42 (45м² , две соби одвоени со врата со два мини бара, два ТВ и едно купатило, макс. 4+1 лица), Јуниор суити: 24 (36м², една голема соба со џакузи во купатило и голема тераса, макс. 3 лица), 6 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море, страничен поглед на море или градина, купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, под со ламинат, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и музички канали.

Ултра Се вклучено-шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, во неделите шампањско, сета храна и пијалокот во Снек баровите, свежите овошни сокови за време на појадокот и во Витамин барот. Сите домашни и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базените и баровите на плажа. A’la Carte рестораните се со претходна резервација (само еднаш во недела е бесплатен, секоја наредна резервација се наплаќа). Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Луксузните пијалоци, коњакот, пури, специјалните вина, увозните пијалоци во A’la Carte рестораните, дополнително се наплаќаат. За деца под 15 год., влезот е дозволен само во Ottoman и Blue Fish рестораните.

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Blue Fish (рибен ресторан), Ottoman (Турска кујна и скара), Peking (Кинеска кујна), Dolce Vita (Италијанска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), Dragon (Јапонска кујна), Helen (Грчка кујна). Девет барови на различна локација во хотелскиот комплекс каде што се служат домашни и увозни пијалоци, диско клуб, кино. Доктор, перална, шопинг центар, интернет (во Lobby делот е бесплатен, во собите се наплаќа) и компјутерски игри, фризер, rent a car, чување деца, се услуги кои дополнително се наплатуваат. WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.

Камчеста приватна плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци кои не се наплатуваат.

Отворен и затворен базен, базен за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, немоторизирани водени спортови, забавен парк за деца (во одредени часови од денот), не се наплатуваат. Опрема и часови за тенис, масажа, пилинг, SPA центарот и салонот за убавина, моторните водени спортови и школата за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер, жива музика, Гала вечери, кино, мини диско. Мини клуб за деца од 04-12 год.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: