+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
ALL
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 10км од Сиде и 55км од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 177 во неколку блокови.
Стандардни соби (28m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица),
Јуниор суит (40m², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци, сеф (со доплата), сателитска ТВ, ламинат на подот, балкон.

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, доцна шведска маса, сите локални алкохолни безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, пијалоци во бар на плажа до 18:00 часот, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, Турско кафе, послуга во соба, пијалоци во Диско клуб.

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски и Медитерански, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб, бар на плажа. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет во Лоби и на јавни места е бесплатен.

Хотелска приватна песочна плажа, оддалечена на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

Надворешни и внатрешни базени за возрасни (внатрешните базени не работат во летниот период), лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, билјард, компјутерски игри, SPA центар, салон за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програми во вечерните часови.

www.thediamondhotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: