+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

2

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и планински куќички  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.

Во ресторанот Кораб Трница гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава..

Галерија

Ценовник

 

  Цена по соба на ден  Капацитет на сместување
Тип на сместување Недела-Четврток Петок-Сабота
Двокреветна соба 1800 мкд 2100 мкд 2
Апартман 2200 мкд 2800 мкд 4
Вип Апартман 2800 мкд 3500 мкд 4
Трокреветна соба 2100 мкд 2500 мкд 3
Голем апартман 3500 мкд 4200 мкд 8
Планинска куќичка 1400 мкд 1900 мкд 2

*Во цената не е вклучена туристича такса која се плаќа на рецепција

 

Доплати и попусти:

Доплата за појадок 200 мкд по лице на ден

Доплата за ручек/вечера 450 мкд по лице на ден

Деца до 8 години не плаќаат за оброци

Деца од 8 до 12 години-50% попуст на оброците од цена за возрасен

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Сподели со пријателите:
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар." data-share-imageurl="">