+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 290
7
BB
превоз
5

 Малта -  Неодоливо медитеранско доживување, со прекрасни пристаништа, фасцинантни градби, кристални лагуни и скриени убавини. За сите Вие кои преферирате активен одмор, ова е дестинација која изобилува со атракции, кои совршено ќе го исполнат Вашиот престој.

Мала островска држава, каде Медитеранскиот шарм ќе ги опие Вашите сетила уште од првиот миг. Тука мештаните сеуште се карактеризираат со традиционален дух, од каде произлегува и нивното прочуено гостопримство. Одгледани и растени во витешки манири, секогаш љубено ќе Ве пречекаат и со задоволство ќе Ви препорачаат најдобра плажа, највкусен оброк и најлуда забава.

Валета е главниот град, кој во себе крие цела Крстоносна историја, грандиозни палати, цркви и прекрасни градби кои ќе Ве исполнат со спокој.

Слима, е познато туристичко градче кое изобилува со трговски центри, продавници, ресторани и голем избор на сместувачки капацитети. Место од кое ги поврзува главниот град и Ст Џулианс, поради што е најчест избор на посетителите.

Ст. Џулианс е најмонденското место во Малта. Тука се спојуваат старата архитектура со новите луксузни хотели и градат еден магичен спој на убавина. Брегот е карпест но одлучно уреден и достапен за многу активности. Ст. Џулианс е центар на ноќната забава. Во големиот број дискотеки, ноќни клубови и барови за сечиј вкус, ќе запознаете туристи од сите краеви во светот.

Песочните плажи се распространети на северниот дел од остовот, каде лесно се стигнува со добро организираниот градски сообраќај. Автобускиот превоз, ќе Ве врати неколку генерации наназат, но возењето со прекрасен поглед низ медитеранско окружување, го прави патувањето атрактивно и шармантно.

 

Галерија

Ценовник

Пакет за 7 дневен престој,  од 290 eur по лице 

Програма на патувањето

1 ден Скопје - Малта

 Состанок на Скопски аеродром до 2 часа пред летот. Лет за Малта. По слетувањето, трансфер до хотелот.  

 Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање

2 – 7 ден  MAЛТА

7 ноќевања со појадок или полупансион, во хотел по Ваш избор. Слободно време за индивидуални активности, одмор или факултативнми екскурзии. Хотелите располагаат со сопствени базени кои Ви се достапни во секое време доколку преферирате пасивен одмор.

8. ден Малта - Скопје

По појадокот, трансфер до аеродром.  Чекирање на повратниот лет до Скопје, 2 часа пред летот. Пристигнување во вечерните часови. 

Предлог активности за време на престојот:

  •  ***  Разглед на Валета

  •  ***  Разглед на Ст. Џулианс

  •  ***  Нуркање и пливање со делфини

  •  ***  Посета на островите Гозо (Calypso’s Island) со брод

  • ***  Посета на најубавите историски градови Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, Conspicoua - Bormla

  •  ***  Посета на селото на Попај

  •  ***  Вечера во традиционален ресторан

Контактирејте не на 046/255-600 или 255-601 и заедно да го направиме одморот како Вам Ви одговара...

 

Забелешка

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:  
-  Авиобилет на релација: Скопје - Малта – Скопје
-  Седум / Шест ноќевања со појадок во хотел со 3*  
-  Организација на аранжманот 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
-  Факултативни посети и влезници
-  Патничко осигурување

-  Организиран трансфер аеродром – хотел- аеродром  

НАПОМЕНИ:

За резервација на аранжман, е потребна уплата од аконтација од  30% од вкупната сума на аранжманот. Остатокот од сумата се доплаќа 7 дена пред патување.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот. 
Минимален број на патници 2.  
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.