+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
***
3
BB
превоз
3

Златниот град - Прага, според многумина еден од најубавите светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно. Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. Денес градот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите не само културни туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.

Една од најубавите и најатрактивни градби е Карловиот Мост на реката Влтава, којшто е изграден во 1357год. Од другите импозантни места е и Венцелсас плоштадот на којшто се случуваат големи градски прослави, музички концерти и настани. Тука се наоѓа и националниот музеј на Прага. Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, плоштадот никнал како централен пазар и во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град.                         

Галерија

Програма на патувањето

ПРОГРАМА:

1 ДЕН -   ОХРИД 

Поаѓање со автобус од Охрид преку Скопје,граничниот премин Табановце.Патување кон Прага преку Србија,Унгарија и Словачка.Ноќно и дневно возење со попатни паузи за освежување и царински формалности.

2 ДЕН -  ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови.Сместување во хотел. Слободно време за одмор до 16:00 часот.  По 16:00 часот * факултативно РАЗГЛЕД на Прага: Посета на Прашкиот замок со професионален туристички водич (со влез). Панорамско разгледување на Стариот град: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани,катедралата Св. Вито, Златната улица...

Вечерта факултативно * ВЕЧЕРА во национален ресторан или пивница.  Ноќевање.

3 ДЕН -  – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. Факултативен * ИЗЛЕТ за  КАРЛОВИ ВАРИ - најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита од 19- ти век и еден од најубавите средновековни градови. Прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и можност за посета на еден од 12те извори. Слободно време за индивидуални разгледи и ручек Собир на групата  и поаѓање за Прага околу 15:00.

Одмор во хотелот.

Вечерта можност за посета на национален ресторан или пивница

4 ДЕН -   ПРАГА – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Слободен ден за прошетки и уживање во Прага.

Доцна попладнето факултативно * КРСТАРЕЊЕ со брод по Влтава и факултативна вечера на брод.

5 ДЕН -  ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотелот Поаѓање за Виена.  Разглед на Виена со локален туристички водич( задолжително). Разгледување на: Палатата Хофбург, Плоштадот Рингштрасе, Парламентот, Виенската опера, дворецот Белведере, забавниот парк Пратер...По разгледот слободно време низ Виена (2-3часа).Тргнување за Македонија, Охрид околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

6 ДЕН -  ОХРИД

Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.

 

б.ф. 25.12 17

Забелешка

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.

- Поради Новогосишните празници,задолжително пријавување на факултативите со комплетната уплата на аранжманот.

 

ПОСЕБНИ НАПОМЕНИ:

- Редоследот за седење во автобус се прави според датумот на пријава.

- Застанување заради попатни одмори предвидено е на секои 3,5 до 4 часа, во зависност од расположливите условите на патот и  

  можноста за застанување.

- Се молат сите патници да водат грижа за своите патни исправи во тек на траење на аранжманот.

- Оставање на вредни работи во автобус и во хотелски соби не е препорачливо. Организаторот на патувањето, превозникот , ни хотелот

  не одговараат за истите.

- Организаторот на патувањето го задржува правото поради непредвидени објективни околности (гужва на граница или во сообраќајот,

  неработење на некој локалитет и сл.), да изврши промена на програмот или редоследот на разглед

- Слободното време за индивидуални активности во тек на програмот, зависи од објективни околности, време на траење на разгледот ,

  гужва на локалитетите и во сообраќајот ... )

- Организаторот на патувањето не може да влијае на распоредот на соби во хотелот, бидејќи тоа зависи од самиот хотел.

- Времето во програмот е дадено според локално време на земјата во која се престојува и целата група се раководи по тоа локално

  време.

- Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родител.

 

Опис на понудената факултатива :

Крстарење по Влтава Можност да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. Ова е уште една можост да ја видите панорамски Прага од еден поинаков агол, од палубата на бродот.

Посета на Карлови вари Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република и главен административен центар на Карловиот крај.Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година.Познат е по своите топли извори (12 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век.Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“  Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св  Петар и Павле.

Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Туристите кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плоснати  садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)
Виена Да се посети Виена е посебно доживување, кое топло го препорачуваме. Виена градот во ритамот на валцерот и виното,рајот за уметниците, сликарите и музичарите е еден од најубавите градови.

Доволно е само неколку часа да се долови убавината на Плоштадот на Марија Тереза,Дворецот на Хофбурн, Парламентот, Судската Палата, Операта,Зградата на универзитетот ,Катедрала Св. Стефан ...

Сподели со пријателите: