+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, оддалечен 5км од Сиде и 48км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 450.
Супериор стандардни соби: 351 (52m²; една спална соба и едно купатило, макс. 3+1 лице),
Дуплекс фамилијарни соби: 20 (70m²; на два спрата, на прв спрат една спална соба и купатило, на приземје спална соба за деца , купатило со туш кабина, одвоени со врата, макс. 4 лица),
Фамилијарни соби конектирани со врата: 10 (77m²; две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Јуниор суит: 26 (85m²; една спална соба, една дневна соба, купатило со џакузи, поглед кон море, макс. 3+1 лице),
Taj Mahal фамилијарни соби: 38 (77m²; две спални соби, ходник помеѓу двете спални, едната спална е со џакузи, другата со туш кабина, макс. 4 лица),
Соби за хендикепирани лица: 5

Собите се со поглед кон море, кон копно, страничен поглед кон море, опремени со купатило со када или туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, LCD TV со сателитски програми, балкон.

Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладне торти, колачи, ужина, вечера, доцна ужина, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечерата, мини бар во собите. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови, шампањ, послуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Gusto Della Note –Италијанска кујна, La Filika – морска храна и Agra – Мексиканска и Индиска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, продавници, телефон, интернет и компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекција е бесплатна.

Плажа
Хотелска песочна приватна плажа, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (внатрешните базени не работат во летниот период), аква парк со 9 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа, терен за кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар, салон за убавина, осветлување за тениски терени, кугалње, билјард, сите спортови на вода дополнително се наплатуваат. Аква парк, Луна парк и тениски терени се користат заедно со Royal Dragon Hotel. Забавани програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, оддалечен 5км од Сиде и 48км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 450.
Супериор стандардни соби: 351 (52m²; една спална соба и едно купатило, макс." data-share-imageurl="">