+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 50км од Анталија и 40км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 304, во една главна зграда со четири крила.
Стандардни соби: 223 (27м², макс.3 лица)-една спална-брачен или два одвоени кревети+еден единечен кревет и едно купатило,
Фамилијарни соби: 52 (45м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило,
Делукс соби: 26 (32м², макс.2 лица)-една голема соба со Џакузи на балкон или во соба,
Големи соби: 12 (35м², макс.2+2 лица)-една спална и едно купатило и три соби за хендикепирани лица.

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво, се дополнува секој ден), електричен бокал и сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, ламинат на подот, балкон или тераса.

Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина во утринските и попладневните часови, ручек, вечера, полноќна закуска, сладолед, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, мини бар во соба, сладолед, свежо цедени сокови за појадок, A’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот, локални пијалоци во Диско клуб. Дополнително се наплаќаат-специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за време на појадок), увозни пијалоци после 24:00 часот, енергетски пијалоци, услуга во соба, увозни пијалоци во Диско клуб.

Содржини
Главен ресторан Marca со шведска маса, A’la Carte ресторани (Terra-Интернационална кујна, Pomodoro-Италијанска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, фризер, rent a car, чување деца, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел.

Плажа
Хотелска плажа, песочна. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворен и затворен базен (затворениот базен не работи во лето) за возрасни и деца, лизгалици на вода, игралиште за деца, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика. Сите спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, куглање, билијард, школо за нуркање, Спа центар, салон за убавина, дополнително се наплаќаат. Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 5-12 год. со специјална програма, Луна парк кој работи во одредени часови.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

vis/j

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 50км од Анталија и 40км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 304, во една главна зграда со четири крила.
Стандардни соби: 223 (27м², макс." data-share-imageurl="">